Изуми на НАСА кои сите ги користиме секојдневно

Дали знаевте дека некои производи, како мемориската пена или филтрите за вода, всушност ги имаат своите почетоци во американската вселенска агенција НАСА? Се чини дека НАСА стои зад многу изуми без кои не би можеле да си го замислиме животот денес. Ова се само дел од нив.

Секојдневни работи кои ги имале своите почетоци во НАСА

Лаптоп компјутери

Големи се шансите дека ова го читате на лаптоп компјутер, а за тоа треба да ѝ бидеме благодарни на НАСА. Првиот преносен компјутер на НАСА бил наречен СПОК (SPOC – Shuttle Portable On-Board Computer). Овој уред подоцна бил надграден за секојдневна употреба и наскоро започнала и неговата комерцијализација.

Глобален систем за позиционирање – GPS

Сателитскиот навигациски систем кој сите го знаеме како GPS (Global Positioning System) го користиме при секое патување. Во денешниот облик, тој е прецизен до сантиметри, но тоа не било така на почетокот. Кога НАСА го создала првиот ваков софтвер во 1990-те тој правел грешки и до 15 метри.

Душеци со мемориска пена

Вселенската агенција ја измислила мемориската пена во 1970-те за да ги направи поудобни седиштата на пилотите за време на долгите патувања во вселената.

Дигитална фотографија

Направивте селфи денес? Тоа можеби не би било возможно без технологијата на НАСА. Сензорите кои ги имаат повеќето уреди кои прават дигитални фотографии биле измислени од страна на НАСА за да се користат во вселенски мисии.

Филтри за вода

НАСА го олеснила дури и пристапот до чиста вода. Во 1960-те, вселенската агенција создала систем за филтрирање на водата кој е лесно пренослив за потребите на вселенските мисии.

Технологија за отпорност на мраз

Мразот може да биде опасен кога станува збор за секој вид патување, а особено кај авионското. НАСА измислила технологија за одмрзнување која денес се користи од страна на комерцијалните авиони, со што летањето во екстремни зимски услови станало многу побезбедно.

Кога станува збор за НАСА, дали прочитавте дека таа нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар