НАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет

Сите знаеме дека вселенското патување не само што е скапо, туку е и навистина опасно. Доколку сакаме да испратиме луѓе на Марс, научниците мораат да разберат какви се ефектите на човечкото тело од живеењето во вселена. Познато е дека постојат симптоми како „птичји нозе“ кои се манифестираат во околина без гравитација, каде што крвта не е повлечена надолу кон нозете, па главите на астронаутите се полнат со течности.

НАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет

Поради ова, НАСА и Европската вселенска агенција се здружиле за да спроведат истражување со кое ќе откријат како телото се адаптира на бестежинска состојба. Вселенските агенции објавија дека бараат 24 волонтери кои ќе поминат 60 дена лежејќи, со цел да им помогнат на научниците да сфатат какво e влијанието на вселенското патување врз астронаутите. На испитаниците ќе им биде исплатена сума од 16.500 евра, и ќе треба да отпатуваат до Келн, Германија.

НАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет

Сепак, не секој може да се пријави и постојат неколку услови што испитаниците треба да ги исполнуваат – треба да бидат на возраст од 24 до 55 години, со добро здравје и да зборуваат германски. Истражувањето ќе започне во септември и ќе трае 89 денови. Пред да започне експериментот во кревет, испитаниците ќе имаат 5 денови за прилагодување. После 60-те денови поминати во кревет, испитаниците ќе поминат и 14 денови во рехабилитација, на истиот начин како и астронаутите.

НАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет

За време на експериментот, испитаниците ќе треба да прават сè во лежечка состојба – од јадење, па сè до одење во тоалет. Испитаниците ќе можат да гледаат телевизија, ќе имаат материјал за читање и други активности, додека научниците ги охрабруваат да слушаат и онлајн курсеви и да стекнат нови вештини. За време на одморот, волонтерите ќе лежат со нозете поставени малу повисоко од главата, со цел да се намали дотокот на крв во екстремитетите. Ова ќе предизвика влошување на состојбата на мускулите, нешто што го искусуваат астронаутите во вселената.

НАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет

Една половина од испитаниците, одвреме-навреме ќе ја посетуваат и центрифугата во лабораторијата. Центрифугата е како вештачка соба со гравитација, а нејзиното вртење симулира гравитација, „туркајќи“ ја крвта на испитаниците кон долните екстремитети. Ова ќе им помогне на научниците да откријат дали симулацијата може да го намали ефектот на долгото лежење во иста положба.

НАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет

Центрифугата ги стимулира и проучува ефектите на вештачката гравитација врз човечкото тело. Резултатите од експериментот нема да им бидат од корист само на астронаутите, туку и на луѓето со здравствени проблеми. Со помош на оваа алатка, истражувањето ќе открие повеќе за остеопорозата, мускулната атрофија и кардиоваскуларните болести.

Целта на експериментот е да ги стимулира ефектите на микрогравитацијата врз човечкото тело. После долго време поминато во вселената, состојбата на мускулите се влошува, коските ослабуваат, а крвта тече на различен начин низ телото. За да се спречат овие несакани ефекти, потребно е редовно вежбање, но научниците се надеваат дека вештачката гравитација ќе биде уште поефикасна.

НАСА нуди 16.500 евра за да поминете 60 дена во кревет

Храната на испитаниците ќе биде подготвена од нутриционист и нема да содржи адитиви и вештачки шеќери. Истовремено, ќе биде доволно разновидна за да ги задоволи сите потреби на телото. Одвреме-навреме, испитаниците ќе можат да се почистат и со десерт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар