15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

Не сите познати дизајнери се јавни луѓе. На поголемиот број сте им ги слушнале имињата, а можеби дури и носите некоја од нивните креации. Но, малкумина можат да си замислат како всушност изгледаат Келвин Клајн или Томи Хилфигер. Во продолжение погледнете ги лицата коишто се кријат зад некои од најпознатите имиња во модната индустрија. Веројатно не би ги познале ни на улица.

1. Марк Џејкобс, 55 години

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

На 23-годишна возраст, со помош од спонзори, Марк ја дизајнирал првата линија облека со етикета Марк Џејкобс. На 24 години тој бил најмладиот дизајнер кој ја добил престижната награда од Советот за модни дизајнери од Америка.

2. Кристијан Лобутин, 56 години

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

Уште кога бил млад, Кристијан дизајнирал женски чевли за Шанел, Ив Сен Лорен и Мод Фризон, како фриленс дизајнер. На 27 години решил да направи своја компанија и отворил продавница. Набргу потоа, тој почнал да прави чевли за кралските семејства и познатите, а неговиот црвен ѓон стана најпрепознатливиот моден тренд во светот.

3. Мајкл Корс, 59 години

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

Како тинејџер, Мајкл дизајнирал облека и ја продавал од подрумот на неговите родители. На 17 години се запишал на Модниот институт за технологија во Њујорк, но се откажал после 9 месеци и почнал да работи на негов бутик. 4 години подоцна, започнал своја линија женска облека во истата продавница.

4. Томи Хилфигер, 67 години

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

На 20 години, Томи ја отворил првата продавница за облека, но банкротирал после 5 години. Потоа се преселил во Њујорк каде што работел за неколку модни куќи. До 28-мата година, тој направил своја дизајнерска компанија со име Томи Хил. 6 години подоцна, со помош од спонзори, тој ја основал корпорацијата Томи Хилфигер, која наскоро станала еден од најпознатите модни брендови ширум светот.

5. Кристијан Лакроа, 67 години

15 познати дизајнери за кои имате слушнато, но не би ги препознале

На почетокот, Кристијан сакал да стане куратор во музеј. На 22 години се преселил во Париз каде што студирал историја на уметност. Набрзо потоа љубовта кон облеката разбудила поголема страст. До 24-годишна возраст, веќе имал своја линија за висока мода.

Продолжува на следната страница



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар