Колку пари трошат жените на гардероба во текот на животот?

Најновото истражување го потврдува она што мажите го тврдат веќе подолго време – жените на облека трошат вистинско богатство, а на крајот сепак немаат ништо за носење.Колку пари трошат жените на гардероба во текот на животот?Како што покажало истражувањето изведено од „Sure Women“, во просек една жена на облека троши повеќе од 100.000 евра во текот на својот живот. Сепак дури 60% од испитаничките изјавиле дека водат војна со себе секое утро, бидејќи не можат да најдат што да облечат за на работа или пак вечерта за излегување.

Во истражувањето учествувале повеќе од 1.000 возрасни жени и откриено е дека во животниот век во просек жените купуваат околу 3.100 парчиња облека и додатоци и тоа, 270 пара чевли, 185 фустани и 145 чанти. Кога ќе се соберат сите трошоци, жените трошат околу 100.000 евра на гардероба во текот на животот.

Истражувањето покажало и дека повеќе од 40% од жените дневно менуваат најмалку две комбинации. Се шминкаат или ја коригираат шминката околу 5 пати дневно, а секоја четврта жена се гледа во огледало просечно пет пати на ден. Околу 10% од жените купуваат некој модни додаток секоја недела, а дури 14% изјавиле дека кријат од партнерот дека пак биле на пазарење.

„Се чини дека жените никогаш немаат доволно облека. Голем број од нив чувствуваат и притисок од модните трендови кои често се менуваат и не е лесно да се следат. Токму поради таа причина, тие чувствуваат дека мораат да купуваат“ – објаснува женскиот психолог Џули Спирмен од „Sure Women“.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар