Кои мисли ви се вртат во глава кога сакате порано да си заминете од забавата?

Со нетрпение сте очекувале некој настан, но кога конечно дошол денот на забавата, попрво би останале дома и би гледале филмови. Уморни сте и не сте расположени за дружење. Но, вашите пријатели упорно ве убедуваат дека ова ќе биде најубавата вечер во вашиот живот и едноставно мора да одите со нив. На крајот попуштате и решавате да отидете на забавата.

Кои мисли ви се вртат во глава кога сакате порано да си заминете од забавата?

Си поминувате убаво првите два часа, но одеднаш се чувствувате исцрпени и не можете да издржите повеќе. Нема сомнеж дека сакате да си одите од забавата уште веднаш, но тоа не е така лесно како што изгледа. Ова се мислите што секому му поминуваат низ глава кога сака да си замине порано од забавата…

1. Уморен/на сум.

2. Ама ова е мојата песна!

3. Добро ајде, ќе останам уште на оваа песна.

4. Еј, и ова е мојата песна!

5. Добро, ај нека помине уште оваа.

Кои мисли ви се вртат во глава кога сакате порано да си заминете од забавата?

6. Што му стана на диџејот?! Сите ми ги погоди!

7. Значи буквално ќе заспијам на маса. Морам да си одам.

8. Еј, нема ни еден часот…

9. Ова е срамота.

10. Ај, ќе останам.

11. Не можам да си одам пред 1, жално е.

Кои мисли ви се вртат во глава кога сакате порано да си заминете од забавата?

12. Ама зошто да останам ако не ми е убаво?

13. Јас сум возрасен човек и нема да потреба да седам некаде, ако не сакам.

14. Готово, си одам.

15. Морам да се поздравам со сите?

16. Нема да се поздравам со сите, само со најблиските.

Кои мисли ви се вртат во глава кога сакате порано да си заминете од забавата?

17. Господе Боже, што ѝ е толку гајле на Јована ако си одам?

18. Не требаше да ѝ кажам дека сакам да си одам дома…

19. Сега ќе заглавам тука додека не дојде дечко ѝ.

20. Што да направам за да ми биде интересно? Да пијам? Да, ајде ќе пијам.

21. Ако успеам да го викнам келнерот кој упорно не ме гледа.

22. Можеби треба да отидам до тоалет и да видам што се случува на Инстаграм за да „убијам“ малку време.

Кои мисли ви се вртат во глава кога сакате порано да си заминете од забавата?

23. Да, ако успеам да стигнам до таму и да ја поминам редицава од милион луѓе.

24. Доста беше. Морам да си одам.

25. Еве ја Јована, ми носи пијалак.

26. Ај ќе се напијам малку, можеби ќе ме натера да останам.

27. Не, само се чувствувам уште поуморно.

28. Сега навистина морам да одам.

Кои мисли ви се вртат во глава кога сакате порано да си заминете од забавата?

29. Сега пак треба да се поздравувам?

30. Би требало…

31. Ама навистина не сакам.

32. Ај нема врска, ќе си отидам без никој да забележи.

33. Довидување на сите!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар