Како светлината го менува нашето лице?

Умешноста во употребата на светлината и сенките во ова видео, може многумина да излаже дека во него има неколку моделки. Но, вистината е дека е само една. Со промената на боите на светлината и аголот од којшто таа доаѓа, се потенцираат различни црти на лицето. Целосниот впечаток е дека станува збор за неколку различни лица, кои меѓусебно се претопуваат. Погледнете за што станува збор.

Видеово е совршен пример за тоа колку всушност е важно осветлувањето, без разлика дали правите фотографија или снимате видео. Со употреба на различни извори на светлина, може да се манипулира со изгледот на луѓето да изгледаат застрашувачки, атрактивни или пријатни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар