Јапонска метода против мрзливост: Принципот на 1 минута

„Од понеделник ќе почнам нов живот, ќе одам во теретана, ќе вежбам јога, ќе правам склекови…“

Секој од нас повремено си поставува некои цели и не ги постигнува, ги одложува за следниот месец, за следните неколку месеци, за цела година…

1-japonska-metoda-protiv-mrzlivost-principot-na-1-minuta-kafepauza.mk

Понекогаш со голема волја и ревносно почнуваме да работиме на она што сме го замислиле, но иако, да речеме, вежбаме 3 дена неделно по неколку часа, сепак ја запоставуваме грижата на подолг рок. Па, зошто ова се случува? Затоа што оптоварувањето е големо, затоа што досасува, а навиката сѐ уште не е развиена.

Постои една јапонска метода – каизен, во која е сместен т.н. принцип на 1 минута.

Суштината на оваа метода се состои во тоа што човек треба се занимава со конкретна работа точно 1 минута, но од ден за ден, постојано во исто време.

1 минута време – тоа е многу малку, со самото тоа изводливо за секој човек. Мрзливоста не ви стои на вашиот пат. Истата таа работа што не сте сакале да ја завршите веќе пола час, измислувајќи изговори и оправдувања, со леснотија ќе ја завршите за 1 минута.

Скокање на јаже, правење стомачни, вежби за очи, вежбање јога, читање книга на друг јазик, што и да е – кога времето е ограничено на 1 минута, работите не изгледаат толку тешко изводливи, а секако носат радост и задоволство. Правејќи мали чекори, постанувате совршени и постигнувате одлични резултати.

Ја победувате несигурноста, се ослободувате од чувството на вина и беспомошност, чувствувате успех и слобода. Инспирирани од успехот, постепено ги зголемувате едноминутните вежби на 5-минутни итн. Потоа незабележливо ќе стигнете до получасовни вежби. Напредокот станува очигледен.

Методот каизен е настанат во Јапонија. На луѓето од западната култура може да им изгледа неефикасен, бидејќи на Запад е втемелено верувањето дека без многу труд не може да се постигнат добри резултати. Сепак, големите задачи одземаат многу време и енергија, можат да го скршат човекот и згора на сѐ, да изостанат резултатите.

Принципот каизен одговара на сите и може да се примени во многу различни животни сфери. Јапонците на пример ја користат стратегијата на постепено и постојано унапредување во сферата на менаџментот.

Останува само да почнете да го применувате овој метод согласно вашите потреби. Што чекате? Минута слободно време?


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар