Истражувањата пронашле директна поврзаност помеѓу ракот и консумирањето алкохол

Американското здружение за клиничка онкологија изјавило дека консумирањето алкохол е поврзано со зголемување на ризикот од појавување одредени видови рак. Тие изјавиле дека пронашле врска помеѓу алкохолот и појавата на орофарингеален и езофагеален рак, рак на дојката и рак на дебелото црево.

istrazhuvanjata-pronashle-direktna-povrzanost-pomegju-alkoholot-i-pojavata-na-rak-kafepauza.mk

„Веруваме дека намалувањето на изложување на организмот на алкохол може значително да го намали ризикот од овие видови рак.“

Иако веќе некое време се истражува за поврзаноста на алкохолот и ракот, ова е прв пат организацијата да прозбори за врската помеѓу двете. Порано оваа година, две истражувачки групи собрале докази кои покажуваат дека доволна е само 1 чаша вино или 1 пиво дневно за зголемен ризик од рак на дојката. Во овој извештај, истражувачите разгледале 119 студии и информации од околу 12 милиони жени од целиот свет.

Националниот институт за рак вели дека колку почесто консумирате алкохол, толку ви се поголеми шансите за рак. Алкохолот се наоѓа на листата на канцерогени супстанци во САД. Истражувачите од Американското здружение за клиничка онкологија се согласуваат.

„Пораката не е да не пиете. Пораката е ако сакате да го намалите ризикот од рак, пијте помалку. А ако не пиете воопшто, не ни почнувајте.“

Постојат и други фактори кои треба да се земат предвид за намалување на ризикот од рак, од промена на околината, до исхрана и физичка активност. Сепак, според овие неодамнешни истражувања и алкохолот игра голема улога.

Погледнете и кои се последиците од само една ноќ прекумерно пиење.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар