Последиците врз вашето тело од само една ноќ претерано пиење алкохол

Само една ноќ претерано конзумирање алкохол може да направи повеќе штета од очигледната главоболка наредното утро. Всушност, според една неодамнешна студија една ваква ноќ може да предизвика бактериите од вашите црева да преминат во вашиот стомак и да ослободат штетни токсини низ вашиот крвоток.

Последиците врз вашето тело од само една ноќ претерано пиење алкохол

За оваа студија, истражувачите барале од 25-те учесници (11 мажи и 14 жени) да испијат доволно во текот на 2 часа (колку што би пиеле за време на едно вечерно излегување) за алкохолот во нивната крв да биде барем 0,08 проценти. Кога тие ја достигнале оваа точка, требало да престанат со пиење. Потоа на секои половина час во наредните 4 часа земале примерок од нивната крв и го повториле ова уште еднаш по 24 часа.

Резултатите се следните… Тие откриле дека алкохолот во крвта поспоро се намалувал кај жените отколку кај мажите. Дури и по еден ден, кај жените сѐ уште имало поголемо количество алкохол. Тие исто така откриле и дека нивото на ендотоксини, штетни токсини кои се отпуштаат од цревата кога се во влошена состојба, успеале да навлезат во крвотокот и останале таму во текот на целото времетраење на експериментот. И исто како и кај количеството на алкохолот, нивното количество било повисоко кај жените, дури и по 24 часа.

Па, зошто би требало да бидеме загрижени за ова? Ендотоксините можат да го променат имуниот одговор на вашето тело. Тоа може да предизвика болки во мускулите и да го натера вашето тело да повлекува хранливи материи од нив, а како резултат на тоа ќе се чувствувате како сѐ да ве боли. Продолженото претерано пиење алкохол може да доведе до поголемо количество ендотоксини во вашиот крвоток и со тек на време да ви предизвика алкохолен хепатитис (воспаление на црниот дроб).

Запомнете, ова се случува по само една ноќ. Неодамнешната студија која била објавена во журналот Алкохол открила дека постојаното претерано пиење за време на викендите може дури и да ѝ наштети на вашата ДНК. Токму затоа бидете мудри и обидете се да се контролирате наредниот пат кога ќе излезете со пријателите. И не заборавајте, после секоја чаша алкохол пијте една чаша вода, никогаш не пијте на празен стомак и обидете се да пиете само 3 или помалку чаши во текот на една вечер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар