Знаци кои укажуваат дека диетата која ја држите не е за вас

Знаци кои укажуваат дека диетата која ја држите не е за вас

Постојат огромен број диети кои ветуваат брзо симнување на неколку килограми за една седмица, но откако ќе ги пробате гледате дека не се успешни.

Знаци кои укажуваат дека диетата која ја држите не е за вас

Експертите предупредуваат дека не треба тукутака лесно да почнувате диета за брзо намалување на килограмите, бидејќи таквиот начин на живеење може повеќе да ви штети отколку да ви донесе добро. Иако постојат голем број диети, во суштина сите тие нудат намалување на внесените калории по оброк. По некое правило, откако прекинувате со овие диети, задолжително се враќаат килограмите побрзо отколку што биле изгубени.

За да не го губите времето залудно, обидувајќи се да ослабете со неадекватна диета, ова се неколку знаци кои ќе ви помогнат да одредите дали одреден начин на исхрана ви одговара или не.

Чувство на глад

Еден од најјасните знаци за неадекватна диета е чувството на глад. Ако за време на придржувањето до одредена диета чувствувате неподнослив глад, тогаш таа диета не е за вас. За една диета да одговара на вашите потреби, чувството на силен глад не смее да постои.

Лошо расположение

Генерално, диетите во кои неколку производи се консумираат пет или повеќе денови по ред, тогаш таа исхрана не е за вас. Тоа значи дека вие го лишувате телото од различни и неопходни витамини и минерали. Ова без сомневање влијае на здравјето и нормалното функционирање на организмот. Недостатокот на хранливост во исхраната директно влијае врз расположението. Недостатокот на витамин Б или магнезиум може да предизвика депресија.

Влошување на здравствената состојба

Диетата која не ви одговара може да ви го наруши здравјето. Оваа опасност е особено изразена кај диетите кои траат подолг временски период. На пример, протеинската диета ја намалува тежината брзо, но големиот број протеини во исхраната ги исцрпува бубрезите и црниот дроб.

Изглед

Една недела од почетокот на диетата, можеби ќе забележите дека изгледате полошо. Кожата ви добила некоја сива нијанса, косата може да ви стане крута и без сјај, а ноктите лесно ќе ви се оштетуваат. Ова се сигнали дека на вашето тело итно му се потребни протеини, витамини и минерали.

Монотона исхрана

Можеби најлош тип диети се оние базирани на само една намирница. За да функционира нормално, на телото му е потребна одредена количина на маснотии, протеини, јаглени хидрати, минерали и витамини. Ако јадете само еден тип намирници, тоа нема да ви ги обезбеди неопходните хранливи материи. Психичкиот статус нема ни одблиску да ви биде сјаен, бидејќи монотоната исхрана значи и монотон живот.

Листа со неопходни услови за правилно одбрана диета:
  • Не треба да предизвикува несакани појави
  • Треба да е безбедна за човековото тело
  • Намалувањето на тежината треба да биде во рамките на нормалата
  • Намирниците треба да ги содржат сите хранливи материи (аминокиселини, минерали, витамини и масни киселини)
  • Неколку дена откако сте ја започнале диетата, не треба да чувствувате глад

Секогаш консултирајте се со стручно лице за целата диета да помине во најдобар ред, а вие да ги изгубите вишокот на килограми.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Весна Пирузева Петровска Reply

    Да,убаво е тоа кажано во една глобална и многу воопштена рамка и така треба да биде,НО младоста е импулсивна и често знае разумот да го стави зад врата.Кажете ве молам како може на еден млад човек да му се објасни дека старата зборувалка БРЗА КУЧКА СЛЕПИ КУЧИЊА РАЃА не без причина се пренесува од генерации на генерации,кога тој секојдневно во права смисла на зборот е бомбардиран од секакви медиуми за вакви или онакви диети во кои на толку перфиден начин,а за еден млад човек многу убедлив,се заобиколува да се наведе основното правило ,а тоа е дека пред секоја диета треба да се направи макар еден основен здравствен преглед и разговор со соодветна личност а потоа да се спроведе било каков режим на исхрана.Што е тука уште по страшно младите денес покрај тоа што без размислување влегуваа во диети кои можат да им остават трајни последици врз нивното здравје туку често пати почитувајки го трендот за вежбање во теретани го губат и својот живот.Не соодветна исхрана ,несоодветна физичка оптеретеност најчесто прекумерна при тоа постоењето на некој здравствен проблем за кој не се знае дека постои и кој до тогаш не ни создал причина младиот човек да побара лекарска помош,а со диетата и физичката несоодветна активност си нашол добра подлога да се развие причина се за многу не сакани последици.
    Затоа млади дами ако сакате да влезете во вашиот фустан со 2 броја помал од вашиот за да бидете убави на забавата не се фаќајте за диети кои ќе ве исцрпат или разболат и при тоа ве направат нервозни и тогаш несвесно станат причина за да се скарате со вашето момче туку ОБЛЕЧЕТЕ ПАТИКИ и движете се и при тоа само земете помала чинија ,не јадете после 20ч и јадете здрави полно зрнести намирници бидејки тие ќе ве држат сити но јадете и се друго но наместо до сега 2 парчиња сега 1 парче .Нема ни да почувствувате кога лесно ќе го облечете вашиот фустан и колку ќе бидете среќни.
    А вие млади момчиња што сакате да ги дефинирате вашите мускули за да изгледате како Аполон одете и проверете го вашето младо и брзо срце ииии…немојте ве молам веднаш да јадете само пилешки стекови ,јајца и ориз бидејки многу ќе ви ги разбрануваат хормоните,а верувајте младите девојки повеќе би сакале млада здрава цврста рака отколку надуван балон кој после 3 промашени тренинзи ќе се претвори во млитава пифтија.Само да знаете со несоодветна исхрана и погрешна физичка активност вашата ментална и психичка состојба страда ,па нели е поважна мисла права отколку убава става,а може и двете со памет во глава и секоја мома по вас ќе воздивнува.
    Можеби сето ова не е ништо ново и мoжеби е малку подолго но ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО РЕКЛЕ СТАРИТЕ РИМЈАНИ .
    Ви благодарам на трпението
    Весна Пирузева Петровска

Остави коментар