Храна која ѝ штети на природата повеќе отколку што мислите

Знаеме дека има храна која е лоша за нашето тело, но дали знаевте за храната која е лоша за нашата природа? За жал многу од нашите омилени прехранбени продукти не се баш најдобри за планетата. Некои од нив бараат премногу вода, други емитуваат гасови, трети оставаат премногу ѓубре зад себе и слично.

(10)hrana-koja-i-shteti-na-prirodata-povekje-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Сепак, поделбата на храната на „добра“ и „лоша“ е многу покомплицирана. Но ако сакате да направите промена во начинот на живот и ако барате начини да ја заштитете планетата, отстранувањето на некои до овие продукти од вашата кошничка за пазарење е добар почеток.

1. Телешко месо

(1)hrana-koja-i-shteti-na-prirodata-povekje-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Производството на телешко месо бара многу повеќе вода, земја, ѓубрива и емитува многу повеќе гас отколку другите форми на животински протеини. Огромното количество жито кое е потребно да се нахрани добитокот е дел од проблемот, но дури и кравите кои јадат трева повеќе влијаат на природата отколку другите животни.

„Најголемата интервенција од страна на луѓето за намалување на јаглеродот не е напуштањето на автомобилите, туку намаленото консумирање црвено месо“, изјавил Тим Бентон, универзитетски професор.

2. Јагнешко

(2)hrana-koja-i-shteti-na-prirodata-povekje-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Телешкото не е единственото месо кое е лошо за природата. Покрај него, најголема улога во емисијата на гасови има и јагнешкото место. Јагнињата испуштаат премногу метан во атмосферата. Сепак, проблемот можеби и не е толку голем бидејќи јагнињата уништуваат и некои лоши треви и од нив се добива волна, која е алтернатива за вештачките материјали за облека.

3. Некои видови риба

(3)hrana-koja-i-shteti-na-prirodata-povekje-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Луѓето сè повеќе јадат морска храна, и додека тоа можеби е добро за здравјето, сепак не е толку добро за океаните. Не се сите риби уловени прописно, а со ова се заканува уништување на многу видови. Иако рибните фарми изгледаат како подобар избор за заштитување на природата, сепак и тие многу загадуваат. Ако сакате морска храна, но и се грижите за природата, обрнете внимание на потеклото на рибата која ја јадете.

4. Бадеми и бадемово млеко

(4)hrana-koja-i-shteti-na-prirodata-povekje-otkolku-shto-mislite-kafepauza.mk

Бадемите се вкусни и здрави, а токму ова ги натера многу луѓе почесто да ги вклучуваат во секојдневната исхрана. Тие исто така се користат и за популарното бадемово млеко. Но, нивното одгледување бара многу вода. Во Калифорнија се произведува околу 80% од целокупното производство на бадеми, а тоа е место каде што водата ја нема во изобилство. Покрај ова, постојаното наводнување може да ја накисне земјата и да предизвика земјотреси.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар