Понекогаш боите се клучни при донесувањето одлуки: розовата смирува, сината внесува доверба, жолтата ги изморува очите

Понекогаш боите се клучни при донесувањето одлуки: розовата смирува, сината внесува доверба, жолтата ги изморува очите

Некои компании користат одредени бои на амбалажите, логоата и продавниците за да влијаат врз секојдневните одлуки на потрошувачите, бидејќи голем дел од мислењата на луѓето се засновани баш на боите.

Понекогаш боите се клучни при донесувањето одлуки: розовата смирува, сината внесува доверба, жолтата ги изморува очите

Боите понекогаш можат да ја изиграат психата на човекот, како на пример кога розовата и сината боја смируваат и ја намалуваат агресијата.

1. Во минатото розовата била боја за момчиња, а сината за девојчиња

Видеата за откривање на пол кај деца честопати покажуваат розова кога станува збор за девојчиња, а сина кога станува збор за момчиња. Но, некогаш одамна, бебињата носеле бела облека и немало бои, односно немало поврзување со полот, се додека некои списанија тврделе дека розовата треба да биде боја за момчиња, а сина за девојчиња. Тој тренд се променил во 40-тите и 50-тите години и така останал до денес.

2. Розовата боја смирува и може да ја намали агресијата

Верувале или не, некои затвори се розови за да се намали агресијата, а некои простории за пресоблекување, наменети за гостински тимови, се исто така во розова боја за да направат тие да се почуствуваат послаби од нивните противници. Тоа е така затоа што некои истражувања откриле дека светло розовата боја ефикасно ја намалува агресијата, како и силата. Подоцна на истражувањата на истата тема им се појавиле ограничувања и поинакви резултати.

3. Жолтата боја во авион може да ги измори очите

Иако жолтата боја означува среќа, таа е светла боја која рефлектира повеќе светлина и затоа може премногу да ги стимулира очите. Ова објаснува зошто повеќето возила, особено авионите, скоро никогаш не користат жолта боја во внатрешноста. Компанијата „Rynair“ порано во кабините имала жолта боја, но за поголемо задоволство на своите клиенти решила да ја промени бојата во кабините.

4. Кога се гледа црвена боја, помалку се грицка

Наспроти популарното верување, црвената боја всушност не го зголемува апетитот. Овој мит веројатно настанал затоа што повеќето логоа на рестораните за брза храна биле црвени. Се покажало дека покрај црвената боја, луѓето јадат помалку храна и помалку пијат безалкохолни пијалоци. Црвената боја всушност делувала како суптилен знак СТОП.

5. Побрзо се работи кога ќе се види црвена боја

Страницата „HubSpot“ направила тест за да се утврди дали луѓето повеќе пати ќе кликнат на црвено или зелено копче и откриле дека црвената боја е подобра од зелената за 21%. Ова може да биде причината зошто „Netflix“ користи само црвени копчиња за активирање, за привлекување повеќе клиенти. Направен е друг експермент за да се утврди дали на луѓето влијае бојата на автомобилот која им го блокира патот. Резултатите покажале дека луѓето на кои патот им е блокиран со црвен автомобил, многу побрзо одговориле агресивно.

6. Повеќе им се верува на компаниите со сино лого

Доколку забележавте дека повеќето логоа на кредитни картички, осигурителни компании и ИТ компании често се сини, имате право. Сината боја дава чувство на сигурност, па затоа е поверојатно овие компании да се сметаат за посигурни доколку користат повеќе сина боја во нивните  логоа и производи.

7. Сината боја може да спаси живот и да го намали криминалот

Сината боја може да помогне да се избере „живот пред смртта“. Поточно, некои железнички станици во Јапонија инсталирале сини светла за да ги спречат луѓето да скокнат под возот на железничката пруга и да извршат самоубиства.

8. Етикетите во боја можат да ги наведат луѓето да изберат поздрава храна

Боите можат да помогнат да се промени исхраната. Во една болничка кантина, „здравата“ храна се продавала во амбалажа со зелена боја, додека пак „нездравата“ со црвена боја. Овој тест покажал дека бојата може да помогне да се подобри изборот на храна.

9. Мажите и жените различно ги гледаат боите

Се сеќавате ли на дебатите на Интернет за сино-црниот или бело-златниот фустан? Секој човек го видел овој фустан различно и со тоа се докажало дека навистина луѓето различно ги перципираат боите. Исто така, постои разлика и помеѓу тоа како мажите и жените гледаат бои. Мажите биле подобри во откривањето на ситни детали кои брзо се менувале од далеку, додека жените биле подобри во разликување на нијансите на боите.

10. Портокаловата боја прави да се размислува за добри вредности

Портокаловата боја секогаш се издвојувала, па затоа најчесто се користела во дизајнот на сообраќајните и затворските униформи. Но, оваа боја, исто така, прави да се размислува за забава, така што не е случајност што „Nickelodeon“ и „Fanta“ имаат портокалово лого. Луѓето, исто така, се склони да ја поврзуваат оваа боја со вредност и пари.

11. Зелената боја ја подобрува визуелната креативност

Често се препорачува на работните места да се чуваат растенија, но постоењето на зелени ѕидови или зелени тапети може да има позитивно влијание врз луѓето. Иако зелената боја можеби не помага во вербалната креативност, таа може да ја подобри визуелната креативност. Ова е дефинитивно добра информација за уметниците или луѓето кои работат во рекламна индустрија.

12. Хокеј играчите кои носат црн дрес имаат повеќе пенали

Екипите кои носеле црни маички додека играле хокеј на мраз добивале повеќе и подолги казни од екипите кои имале дресови во различни бои. Некои сметале дека тоа е така затоа што луѓето обично се чувствувале помоќно и поагресивно кога носеле облека во црна боја. Но, исто така имало и истражувачи кои тврделе дека тоа би можело да е така затоа што судиите биле повеќе пристрасни кон црната боја.

13. Бојата може да измами кога станува збор за температура и тежина

Црвената боја често укажува на топла вода, сината на ладна, дури и ако реално не постои разлика во температурата. Изненадува тоа што кога се работи за директен допир, синиот предмет се оценува како потопол од црвениот предмет. Боите, исто така, давале илузија и на тежината, при што ист предмет со иста тежина може да се оцени како потежок, доколку е црвено обоен и полесен, доколку е жолт.

14. Повеќе се прават грешки при работа во канцеларија во бела боја

Белата боја дава свежина, па затоа некои канцеларии се обоени во бела боја. Сепак, едно  истражување открило дека луѓето кои работат во канцеларии во бела боја направиле најмногу грешки, во споредба со оние кои работеле во канцеларии во црвена или зелена боја. Оние што работеле во канцеларија во црвена боја направиле најмалку грешки, иако повеќето од учесниците изјавиле дека црвената боја во нивната канцеларија повеќе им пречи отколку белата на оние кои работат во канцеларија во бела боја.

15. Виолетовата боја означува луксуз, затоа што порано била скапа боја

Виолетовата ткаенина била многу скапа, бидејќи процесот на правење боја од ситни школки бил долг и тежок. Само владетелите и свештениците можеле да си дозволат да носат облека со виолетова боја. За среќа, 18 годишен студент на факултет по хемија случајно направила виолетова боја и подоцна масовно ја произведувал за да може да ја носат и обичните луѓе.

Можеби сакате да дознаете и дали сините очи не се навистина сини?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар