Длабоки инспиративни цитати од Џон Ленон

Длабоки инспиративни цитати од Џон Ленон

Човекот кој ги напиша најубавите текстови на „Битлси“ секогаш знаел да каже некоја убава мисла. Ова се само еден мал дел од неговите славни, елоквентни и остроумни мисли.

Длабоки инспиративни цитати од Џон Ленон

 

„Животот е она што ти се случува додека си зафатен правејќи други планови.“

„Вообичаено, зад секој идиот стои прекрасна жена.“

„Сонот кој го сонуваш сам е само сон. Сонот кој го сонувате заедно е реалност.“

„Сите те сакаат кога си 2 метра под земја.“

„Сѐ е појасно кога си заљубен.“

„Времето кое си уживал трошејќи го, не е залудно потрошено време.“

„Не ти треба никој за да ти каже кој си и што си. Ти си тоа што си!“

„Реалноста ѝ остава многу простор на фантазијата.“

„Среќа е само она што го чувствуваш кога не се чувствуваш мизерно.“

„Доколку некој мисли дека мирот и љубовта се само клишеа останати во 60-тите, тоа е нивен проблем. Мирот и љубовта се вечни.“

„Брои си ги годините според пријателите, не според годините. Мери го животот според насмевките, не според солзите.“

„Кога имав 5 години, мајка ми секогаш ми велеше дека среќата е клучот на животот. Кога појдов на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав ‘среќен’. Ми одговорија дека не сум ја разбрал задачата, а јас им вратив дека тие не го разбираат животот.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар