Дали и вие поседувате некоја од најчестите генетски мутации?

Луѓето се разновидни и токму со оваа разновидност доаѓаат и многу генетски мутации. Додека многумина зборот мутација го поврзуваат со нешто лошо, како рак, постојат многу примери за мутации кои се всушност од корист. Во продолжение погледнете кои се најчестите мутации кај луѓето и дознајте дали и вие имате некоја од нив.

1. Сини очи

(2)dali-poseduvate-nekoja-od-najchestite-genetski-mutacii-kafepauza.mk

Иако околу 8% од луѓето имаат сини очи, оваа мутација забележала напредок неодамна. Сите луѓе имале кафеави очи, но научниците успеале да ја откријат мутацијата која резултирала со сини. Промената на генот наречен ОСА1 предизвикува промена во количината на пигмент во ирисот и создава разни нијанси на кафеаво. Сините очи се резултат на мутација на генот HERC2 кој го „исклучува“ генот ОСА1, а ова резултира со недостаток на кафеав пигмент во очите. Според наодите, првиот човек со сини очи веројатно живеел во Европа пред 7.000 години.

2. Толеранција на лактоза

(3)dali-poseduvate-nekoja-od-najchestite-genetski-mutacii-kafepauza.mk

Ова е еден од најинтересните докази за човековата еволуција. Иако многумина не обрнуваат внимание на нашата способност да пиеме млеко, ние сме единствениот вид кој го прави тоа. Како и сите цицачи, повеќето луѓе престануваат да пијат млеко кога ќе престанат да бидат доени, бидејќи подоцна ја губат способноста да го обработуваат. Но, пред околу 10.000 години, Европејците почнале да ги припитомуваат животните како кравите, па мутацијата во генот МСМ6 им овозможила да продолжат да го произведуваат ензимот лактоза.

3. Црвена коса

(4)dali-poseduvate-nekoja-od-najchestite-genetski-mutacii-kafepauza.mk

Иако речиси секој познава некој со црвена коса, само 4-5% од луѓето се родени со оваа боја, а тоа ја прави мутацијата уште поубава. Луѓето во северна Европа имаат поголеми шанси да се родат со црвена коса. Иако некои сметаат дека оваа мутација настанала поради пократките денови и подолгите ноќи, други се сигурни дека целта на оваа мутација е да им помогне на луѓето да преживеат на поголема височина. Оваа мутација најчесто ја има кај луѓето од Шкотска и Велс, и тоа веројатно поради фактот што овие нации биле изолирани долго време.

4. Азиско црвенило

(5)dali-poseduvate-nekoja-od-najchestite-genetski-mutacii-kafepauza.mk

Околу 36% од Азијците ја имаат оваа мутација, односно кога пијат алкохол нивната кожа црвенее. Ова не се случува бидејќи се пијани, туку е дел од нивниот имунитет. За црвенилото не е одговорен алкохолот, туку супстанца која се распаѓа во црниот дроб.

5. Недостаток на умници

(6)dali-poseduvate-nekoja-od-najchestite-genetski-mutacii-kafepauza.mk

Растењето на умниците може да биде навистина проблематично, но околу 40% од Азијците, 10-25% од Европејците и 11% од Афроамериканците немаат барем по еден умник. Се верува дека како и сите цицачи, така и предците на човекот имале 4 умници кои им помагале во џвакањето. Но, кога бил откриен огнот и кога храната станал помека, се намалила и вилицата. Ова го отстранило просторот кој бил наменет за умниците. Најстариот фосил без умници е од Кина и е стар околу 350.000 години.

Погледнете и некои од најретките и најбизарните медицински феномени.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар