Бугарска фолк верзија на музиката од „Супер Марио“

Сите ја имаме играно, можеби најпопуларната видеоигра на сите времиња, Супер Марио. Она што засекогаш ќе остане врежано во нашата меморија, е карактеристичната музика, која е присутна низ целата игра. Досега можевме да наидеме на секаква преработка на музиката, електронска, отсвирена на бас гитара, на ударни инструменти, на празни шишиња и на што ли уште не. Бугарска фолк верзија на музиката од „Супер Марио“Но, оваа верзија која ќе ја чуете сега, со сигурност е најлудата и најнеочекуваната. Тројца бугарски музичари на хармоника облечени во традиционална носија, во позадина селска идила и интересна фолк преработка. Уживајте…

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. lela Reply

    bravos :)

  2. uaaa Reply

    I kako po definicija proizvoditelot na igrata ke treba da im plati avtorski prava na Bugarite oti tie ja imaat izmisleno i ova video samo go potvrduva toa.. inace bravo za deckite..

Остави коментар