Бизарно сокаче во Калифорнија облепено со изџвакани мастики

Ако сте гадливи и имате чувствителен стомак, тогаш немојте никогаш да влегувате сами во „Bubblegum Alley“ и не допирајте ги ѕидовите, бидејќи тие се целосно облепени со користени гуми за џвакање. Ова сокаче за лепење мастики е лоцирано во калифорнискиот град Сан Луис Обиспо. Ѕидот е висок 4,6 метри, а долг 21 метар.Бизарно сокаче во Калифорнија облепено со изџвакани мастикиБизарно сокаче во Калифорнија облепено со изџвакани мастикиСпоред стопанската комора и Центарот за подобрување на бизнис асоцијацијата во Сан Луис Обиспо, приказната за тоа кој ја започнал оваа традиција на лепење гуми за џвакање по ѕидовите, не е доволно јасна. Некои историчари веруваат дека традицијата започнала некаде после Втората светска војна, како настан по повод матурирање на учениците од средното училиште „Сан Луис Обипсо“. Други веруваат дека лепењето мастики започнало во доцните педесетти години на минатиот век, во знак на ривалство помеѓу учениците од „Сан Луис Обипсо“ и студентите од универзитетот „Кал Поли“. Според оваа верзија на приказната, кога студентите од „Кал Поли“ се посомневале дека учениците од средното училиште се обидуваат да го надминат нивниот број на залепени мастики на ѕидовите, решиле да ја „победат битката“. Нивната креативност се разбудила и тие го овековечиле ова место со името кое до ден денешен го носи – „Bubblegum Alley“ (Сокаче за мастики).Бизарно сокаче во Калифорнија облепено со изџвакани мастикиСè до 1970 година, ова необично сокаче се полнело со изџвакани мастики, кога сопствениците на околните продавници почнале да се жалат дека оваа традиција е нехигиенска и одвратна, поради што ѕидовите на патеката биле целосно исчистени. Ѕидовите со графити од мастики преживеале две масовни чистења во седумдесеттите, но последниот обид од калифорниската Асоцијација за градежна индустрија за чистење на ова место во 1996 година, бил навремено спречен.Бизарно сокаче во Калифорнија облепено со изџвакани мастикиЗа некои луѓе од Сан Луис Обипсо, овој ѕид не е само место за колекционирање лепливи, лигави мастики. Напротив, тие го сметаат за уште еден облик на уметноста. Тука можете да погледнете различни големини, бои и дизајни на мастики, од кои се изработени цвеќиња и лица, прикачени писма од припадниците на братствата и женските здруженија, како и белешки со натпис „Го сакам СЛО (Сан Луис Обипсо)“ спелувано во различни бои и големини. Бизарно сокаче во Калифорнија облепено со изџвакани мастикиАко повнимателно се загледате во овој бизарен ѕид, ќе забележите ситни парички кои ѕиркаат од него, а служат како очи за лицата направени од мастики. Има и обвивки од мастики, пластични лажички, а повремено некој ќе закачи и презерватив, со надеж дека дополнително ќе ги згрози минувачите. Во главно, патеката е едно необично местенце, соодветно за луѓе од секоја возраст, кои можат да го посетат и да учествуваат во неговото креативно дополнување.Бизарно сокаче во Калифорнија облепено со изџвакани мастики

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар