14 несоборливи научни откритија кои тврдат дека постојат вонземјани

Секој од нас е изграден од атоми што некогаш биле дел од ѕвезда што експлодирала, вклучувајќи јаглерод, азот и кислород – фундаменталните состојки на животот.

(13)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mk

Повеќе од милијарда години овие состојки се кондензирале и згуснувале така што се формирале облаци од гас, нови ѕвезди и планети, што значи дека состојките, a оттука и потенцијалот за живот на друга планета се расеани низ целиот универзум. Уште повеќе, бројот на последните откритија исто така силно сугерира дека постои вонземски живот.

Клучното прашање не е повеќе „Дали има живот на друга планета?“ туку „Кога ќе го пронајдеме?“

1. Оваа година, тим од научници пресмета дека пред 4,5 милијарди години барем една петтина од површината на Марс била прекриена со океан длабок повеќе од 137 метри. Какви било знаци на живот што некогаш постоеле во овие води, денес може да се кријат во почвата на Марс.

(5)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mk

2. Но, водата не е доволна. Иста така потребно е време. Едно истражување од минатиот август открило дека водата на Марс постоела 200 милиони години подолго отколку што првично се мислело. Уште поинтересно е дека на Земјата веќе постоел живот во исто време со последните езера на Марс.

(4)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mk

3. Минатиот септември НАСА објави фасцинантно откритие дека сѐ уште постои течна вода на Марс, но сепак во многу помали количини отколку пред 4,5 милијарди години. Ова фундаментално откритие сугерира дека фосилните остатоци на Марс се секундарни во споредба со живите организми на површината на планетата.

(0)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mk

4. Астероидите и кометите се клучни за формирањето на животот на Земјата, сметаат научниците. Поточно, според извештајот од минатиот август, влијанието на кометите го предизвикало комбинирањето на аминокиселините и формирањето на првите знаци на живот. Од она што го знаеме за нашиот соларен систем, постојат и други комети, во други планетарни системи кои можеби сега влијаат на некоја друга планета.

(1)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mk

5. Јупитеровата мала месечина Еуропа, на површината има лузни, кои изгледаат како кафеави вени за кои се претпоставува дека се местата со потопла и валкана течна вода на месечевата наметка која ја пробила површината. На Еуропа може да има повеќе вода отколку на Земјата, па затоа и Америка и Европа вложуваат милиони долари во дизајни на следни вселенски мисии кои би побарале живот под површината на Еуропа.

(11)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mk

6. Покрај Еуропа, тука е Сатурновата месечина Енцеладус, за која научниците потврдија дека има огромен океан под нејзината надворешна, смрзната обвивка. Исто како Еуропа, океанот на Енцеладус е идеално место каде што може да постои живот надвор од Земјата.

(3)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mk

7. Уште поубедлив доказ дека на Енцеладус постои живот беше вклучен во два труда објавени оваа година. Тие цврсто покажуваат дека хидротермалните вентили – како тие кои помогнале да се рашири животот на Земјата – постојат на дното на океанот.

(6)-14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani14-nesoborlivi-nauchni-otkritija-koi-tvrdat-deka-postojat-vonzemjani-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар