Бајки какви што не сте виделе досега

Бајки какви што не сте виделе досега

Иако, благодарение на Дизни, сме навикнати на добрите и стари бајки со кои пораснавме, неверојатно талентираната Улдус од Русија нè носи на ново патување низ светот на фантазиите преку нејзината фотосесија Руска Земја. Рушејќи ги стереотипите на модерна Русија, Улдус ни претставува сосема нови приказни за демони, хероини, девици и џуџиња. Низ овие прекрасни и уникатни фотографии имаме шанса да ѕирнеме во магичниот свет на руските бајки и народни приказни, секоја откривајќи ни ја својата тајна.

Триглавата божица

(1)-bajki-kakvi-shto-ne-ste-videle-dosega-kafepauza.mk

Женските хероини од руските бајки се викаат „царевна“ и тие се под заштита на месечината – космичко тело кое владее со женственоста. Оваа божица ги претставува трите основни елементи на Земјата: земја, вода и воздух, и како таква е задолжена да ги штити планините, долините и шумите.

Огнена птица

(2)-bajki-kakvi-shto-ne-ste-videle-dosega-kafepauza.mk

Во оваа руска верзија од легендата за фениксот, таа е огромна птица со неверојатна убавина, целосно опколена со оган. И покрај нејзината убавина, оваа птица многу лесно може да се улови и да се научи да краде златни јаболка од Царевите градини.

Чиста девица

(3)-bajki-kakvi-shto-ne-ste-videle-dosega-kafepauza.mk

Во словенската култура постојат 5 фази кон станувањето жена. Првата е Чистата девица, позната и како Црвена убавина, која е често претставувана од млада девојка која се подготвува за свадба. Црвената боја ја претставува скромноста на момичешките години и младоста.

Мистериозна руска душа

(4)-bajki-kakvi-shto-ne-ste-videle-dosega-kafepauza.mk

Оваа слика ги претставува многуте стереотипи кои Русите ги имаат за себе: Бањање во масло, јадење месо, злато, камења, како и културните гледишта кои нè прават тоа што се – комплексна мешавина на култури, религии и етничка припадност.

Маша и мечката

(5)-bajki-kakvi-shto-ne-ste-videle-dosega-kafepauza.mk

Едно мало девојче кое се изгубило во шумата налетало на „изба“, дрвена куќа која е дом на семејство од мечки. Мечките ја напаѓаат Маша, но нејзиното брзо размислување ја спасува од смрт. Тука, хероината седи и пуши како знак на победа врз мечките, додека нејзината ироничност ни кажува дека „во Русија е сè во ред“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар