7 причини зошто треба да бидете благодарни за вториот јазик што сте го научиле

7 причини зошто треба да бидете благодарни за вториот јазик што сте го научиле

Велат дека јазикот е богатство. Секое познавање на втор јазик нуди безброј придобивки коишто можат да имаат големо влијание врз понатамошниот живот на една личност. Без разлика дали некои започнале со учење втор јазик додека биле мали или пак, тоа го направиле подоцна во животот, тие личности имаат навистина големи предности. Всушност, процесот на учење втор јазик има големо влијание врз мозокот, а во продолжение погледнете ги седумте клучни придобивки од двојазичноста.

1. Поголеми когнитивни вештини

Се смета дека двојазичноста ги подобрува основните мозочни функции за време на фокусирањето на тешки ментални задачи. Кога станува збор пак за креативноста и решавањето на проблемите, истражувањата покажале особена предност кај децата коишто зборуваат два јазика. Се смета дека мозокот на овие деца може поефикасно да ги преработи информациите и побрзо да пронајде решение, за разлика од оние коишто зборуваат само еден јазик. Бидејќи овие личности мораат потсвесно да избираат зборови од одреден јазик, тие се здобиваат со поголема пракса во изборот на важните информации, во споредба со помалку важните, односно, се смета дека луѓето коишто зборуваат повеќе од еден јазик може да донесуваат порационални одлуки.

2. Намалено когнитивно оштетување

Дури и кога ќе се достигне зрелоста, придобивките од двојазичноста не прекинуваат да служат. Како што старее секој човек, така ослабува и неговата когнитивна флексибилност и е помалку способен да се прилагоди на неочекуваните и непознати ситуации. Но, учењето втор јазик покажало намалување на ваквите оштетувања. Секако, деменцијата е загрижувачка работа, но затоа двојазичноста може да ги одложи ефектите. Истражувањата покажале дека зборувањето втор јазик има големо влијание врз страдањето од Алцхајмерова болест а многу од симптомите, како што е конфузијата и губењето на меморијата, може да се одложат и до пет години!

3. Олеснување при учење друг странски јазик

Доколку детето учи втор јазик, учењето уште еден дополнителен странски јазик може да му биде значително полесно. Оние коишто зборуваат два јазика имаат предности кога станува збор за следниве јазични вештини:

  • Вештини за слушање
  • Категоризација на зборови
  • Обработка на информации
  • Наоѓање асоцијации на зборовите
  • Комуникациски вештини
  • Зголемување на речник
  • Изнаоѓање решенија

4. Повеќе можности за работа

Современите бизниси честопати се насочуваат на раст на меѓународно ниво. Иновациите во областа на технологијата отворија безброј можности за бизниси на странски пазари, а исто така тука спаѓа и онлајн работењето. Па, несомнено е дека оние коишто знаат најмалку уште еден јазик имаат голема предност за работење, што ќе ги издвои од останатите.

5. Го зголемува потенцијалот за заработка

Иако на потенцијалот за заработка може да влијаат повеќе работи, сепак, оние коишто зборуваат два јазика, речиси секогаш имаат предност. Па, еве уште една мотивација да почнете да изучувате уште еден јазик.

6. Зајакнување на разбирањето на мајчиниот јазик

Иако ова може да звучи изненадувачки, но, зборувањето втор јазик честопати може да го зајакне разбирањето на мајчиниот јазик. Всушност, за учење нов јазик личноста мора да се фокусира на структурата на реченицата, граматиката и слично, а како што станува свесна за тоа како е структуриран јазикот, ќе ги развие своите комуникациски вештини, а исто така ќе ги подобри и вештините за слушање.

7. Нуди подобра перцепција за светот

Една од најдобрите придобивки на двојазичарите е разбирањето на себеси, но и на другите. Дури и без да патуваат, нивната перцепција за светот околу нив може да се трансформира. Верувале или не, оние коишто зборуваат два јазици може да согледуваат повеќе нијанси на бои од оние коишто зборуваат еден јазик. Исто така карактеристично за нив е тоа што тие на себе гледаат различно секогаш кога зборуваат друг јазик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар