Престанете да пиете вода од стари пластични шишиња: Содржат исто толку бактерии колку тоалетна шолја!

Ова не треба да ве демотивира и да престанете да пиете вода, но најновите истражувања покажуваат дека морате да бидете многу внимателни кога се работи за водата што ја пиете. Резултатите покажале дека бактериите во одново наполнетите пластични шишиња за вода се слични на оние кои ги содржат јавните тоалетни шолји!

Престанете да пиете вода од стари пластични шишиња: Содржат исто толку бактерии колку тоалетна шолја!

Експертите за вежбање ги тестирале одново наполнетите шишиња за вода на група спортисти за да видат колку тие се навистина чисти и откритијата биле вознемирувачки и страшни. Во секое шише вода истражувачите нашле повеќе од 300.000 бактериски колонии на сантиметар квадратен. Таа бројка можеби не им значи ништо на луѓето кои не се разбираат во наука. Но, колку да споредиме, употребена кучешка играчка содржи просечно 3.000 бактериски колонии на сантиметар квадратен. Голема разлика, нели?

Тоа не значи дека треба да одбегнувате да пиете вода, туку дека треба да бидете внимателни за тоа од каде ја пиете водата и колку често ги миете шишињата. Сѐ што ќе допрете со усните станува заразено со бактерии. Тоа значи дека на површината до која не сте ја допирале устата премногу често, има помалку шанси да се развијат бактериски колонии. Најголем број штетни бактерии се забележани кај шишињата со капачиња и оние кои се затвораат со лизгање горе-долу.

Најдобро решение е да користите цевка која секојдневно ќе ја менувате, но и тогаш ќе треба да го миете шишето редовно и темелно со доволно жешка вода и антибактериски сапун, или едноставно да го ставите во машината за миење садови. Факт е дека мора да пиеме вода и повеќекратната употреба на пластичните шишиња е најдобрата опција која не е штетна за околината. Доколку сте во можност, најсреќниот избор е да користите термос од нерѓосувачки челик, бидејќи кај него нема погодни услови за развој на бактерии.

Не дозволувајте ова откритие да ве обесхрабри. Продолжете да пиете вода од веќе употребени шишиња за вода, но бидете внимателни. Исфрлете ја старата нечиста колекција на шишиња и започнете нова, особено ако во последно време не сте се чувствувале баш најдобро: Вашите шишиња за вода можеби се причината за тоа!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар