Како да го одржувате мозокот во добра форма?

Како да го одржувате мозокот во добра форма?

Кои се знаците кои укажуваат на тоа дека на мозокот му е потребна повеќе грижа и внимание? Прочитајте во продолжение!
Нарушената когнитивна функција и проблемите со спиењето се најчестите показатели за тоа дека треба да обратите повеќе внимание за грижата на мозокот. Впрочем, без разлика колку години имате, грижата за мозокот треба да ви биде еден од главните приоритети.

Како да го одржувате мозокот во добра форма?

Знаци кои укажуваат на потреба за поголема грижа на мозокот:

1. Заборавате многу почесто отколку порано

2. Имате тешкотии при донесувањето одлуки

3. Имате проблеми со спиењето

4. Честопати чувствувате фрустрација

5. Немате мотивација

6. Не можете да се фокусирате

7. Не можете да се справите со стресот

Како да го одржувате мозокот во добра форма?

Внесувајте храна која поволно влијае врз здравјето на мозокот

Обидете се да вклучите во вашето секојдневно мени повеќе намирници кои се состојат од омега-3 масни киселини, Б витамин, Д витамин и Ц витамин за да ја подобрите вашата когнитивна функција, но и менталната благосостојба. Храната како риба, лиснат зеленчук, темното чоколадо и рузмаринот содржат микронутриенти и фитонутриенти кои ја нормализираат работата на мозокот.

Спијте доволно

На вашиот мозок му е потребно време за одмор. Додека спиете, мозокот ги регенерира вашите клетки, а според некои научници, токму сонот е најважен за здрав мозок.

Бидете активни

Според истражувањата, петминутна пауза проследена со кратки, мали вежби е сè што ви е потребно за да се регенерира мозокот. Освен тоа, научниците откриле и дека вежбањето помага да се зголеми нивото на протеин кој придонесува за подобрување на меморијата.

Откако прочитавте кои се знаците кои укажуваат на нарушена функција на мозокот и како да го одржувате во добра форма, можеби ќе сакате да прочитате и како тишината влијае врз мозокот.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар