7 причини да ја посетите Аргентина

Јужна Америка е дом на дел од најстарите светски цивилизации во светот како и на една неверојатна држава – Аргентина. Таа се наоѓа во долниот дел на Јужна Америка и е осма по големина во светот. Исто така таа е домот на тангото, високата трева пампас, едно од најдобрите говедски меса како и на пингвините. Да не заборавиме и дека таму се наоѓа еден од најдобрите светски градови – Буенос Аирес.

7 причини да ја посетите Аргентина

Се верува дека поради своите климатски и географски екстреми, Аргентина била многу слабо населена пред да стане колонија на Шпанија. И покрај тоа што пред многу години таа не била најпријателското место за населување, сепак тоа не значи дека не е одлично место за одмор. Кога станува збор за разновидност и можности, Аргентина има сè. Погледнете ги наредниве неколку причини поради кои, доколку имате шанса, дефинитивно би требало да ја посетите.

1. Буенос Аирес, родното место на тангото

7 причини да ја посетите Аргентина

Буенос Аирес е домот на голем број танго-клубови, како и на разнобојните домови на улицата Каминито. Покрај тангото, во овој град можат да се видат најразлични видови улични танци и други активности кои целосно го оживуваат градот, особено во населбата La Boca. Буенос Аирес поседува сè што може да се очекува од еден светски град – мода, одлични ресторани, луд ноќен живот, музеи, зоолошки, паркови, театри и многу повеќе…

2. Водопадите Игуасу

7 причини да ја посетите Аргентина

Водопадите Игуасу се наоѓаат на самата граница помеѓу Бразил и Аргентина во северниот дел од државата и се една од најголемите туристички атракции. Постојат од 273 до 300 индивидуални водопади со мали острови кои ги одделуват. Оние кои се поголеми авантуристи имаат можност со хеликоптер или со брод да се доближат многу блиску до ова природно чудо.

3. Националниот парк Талампаја

7 причини да ја посетите Аргентина

Националниот парк Талампаја е црвена пустина која се наоѓа во северозападниот дел од државата. Оваа пустина постои многу одамна и токму поради тоа таму можат да се најдат неверојатни камени формации за кои се верува дека датираат од пред милиони години. Дали знаевте дека најстарите коски од диносауруси биле пронајдени во Аргентина? Исто така постојат и многу цртежи од антички култури кои некогаш живееле во оваа област. Не е ни чудо што овој национален парк е под заштита на УНЕСКО.

4. Аргентинските винарски визби

7 причини да ја посетите Аргентина

Ако сте љубители на виното, тогаш сигурно веќе знаете дека Аргентина со години наназад ја гради својата репутација како производител на деликатесни вина. Но, доколку сакате да пробате одлични аргентински вина уште веднаш, тогаш ви ги препорачуваме „Malbec“, „Syrah“, „Cabernet Sauvignon“, „Sangiovese“, „Chardonnay“, „Viognier“ и „Sauvignon Blanc“.

5. Барилоче, главниот град на медените месеци во Аргентина

7 причини да ја посетите Аргентина

Атмосферата која владее во овој град наликува на село во Швајцарија, а самиот град е опколен со планини каде што има центри за скијање, жичарници и продавници за чоколадо. Во текот на летото можете да одите на плажа покрај езерата. Што се однесува до храната, доколку сакате да конзумирате нешто друго покрај чоколадите, тогаш можете да најдете голем број ресторани со традиционална аргентинска кујна.

6. Глечерите во Јужна Аргентина

7 причини да ја посетите Аргентина

Колку често може да ви се отвори можност да одите некаде каде што има глечери? Точно, тие знаат да бидат многу студени, но тоа не значи дека не се едни од најневеројатните светски природни чуда. И покрај тоа што има голем број области во Аргентина од каде што можете да гледате глечери, едно од најдобрите места за посета е националниот парк Лос Гласиарес.

7. Дивиот свет

7 причини да ја посетите Аргентина

Аргентина има разновидна фауна, која е многу ретка и необична. Доколку сакате морски животни, тогаш ви препорачуваме да го посетите полуостровот Валдес каде што можете да видите голем број морски цицачи и птици, вклучувајќи ги јужните китови и пингвините. Нуркањето е исто така многу популарна активност во Јужна Аргентина, со којашто можете од многу близу да видите дел од неверојатниот морски свет, како и некои од најпопуларните бродоломи.

За оние кои повеќе ги интересираат земните животни, оваа област исто така е и домот на реата (птица која наликува на ној) и гуанакото (роднина на ламите). Доколку сте во потрага по нешто малку поразлично, тогаш дефинитивно би требало да ги посетите мочуриштата Ибера. Тие се вторите по големина мочуришта со свежа вода во светот, како и дом на голем број фасцинантни животински видови.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар