5 филмски премиери во октомври што ќе ве натераат да го посетите најблиското кино

Одамна не сте биле во кино? Не грижете се, затоа што октомвриските филмски премиери ќе ви дадат причина да ја посетите најблиската кино сала во брзо време. Погледнете кои се најочекуваните филмови за октомври 2018 година!

1. Ѕвездата е родена (A Star is Born) – 5 октомври

Станува збор за преработка на класичниот филм со истото име од 1937 година. Главните улоги ги толкуваат незаменливите Бредли Купер и Лејди Гага, претставувајќи ни трагична љубовна приказна помеѓу музичар и артист.

2. Веном (Venom) – 5 октомври

Човештвото е лесно заменливо… но, комбинација на човек и симбиот – е тоа е веќе сосема нова раса! Том Харди е новинарот Еди Брок во овој трилер за антихерој. За сите оние што ја чекаа оваа темна приказна, октомври ќе биде многу возбудлив месец.

 3. Лоши времиња во Ел Ројал (Bad Times at El Royale) – 12 октомври

Овој филм е класичен трилер и ја раскажува приказната за седум странци што ќе се запознаат во Ел Ројал, што се наоѓа на езерото Тахо. Тоа што е најинтересно е актерската екипа, што ги вклучува Џеф Бриџис, Синтија Ериво, Дакота Џонсон, Џон Хам, Кејли Спејни, Луис Пулман, Ник Оферман и Крис Хемсворт.

4. Првиот човек (First Man) – 12 октомври

Овој филм ни дава интимен поглед во животот на Нил Армстронг (Рајан Гослинг), како и сите настани што водеа до историскиот момент во којшто тој стана првиот човек што стапна на месечината.

5. Ноќ на вештерките (Halloween) – 19 октомври

Расположени за хорор? Долгоочекуваното продолжение ја враќа назад Џејми Ли Кертис во својата позната улога како Лори. Во првиот филм од 1978 година таа беше средношколка, а во продолжението ќе го следиме нејзиното враќање во домот од детството.

Погледнете ги и 10-те најдобри филмови што ги очекуваме оваа есен.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар