Октомври ќе биде најдобриот месец за овие 3 хороскопски знаци!

Октомври ќе биде најдобриот месец за овие 3 хороскопски знаци!

Овие три хороскопски знаци ги очекува многу возбудлив месец, полн со убави промени, патувачки авантури, успех во кариерата, силна љубов и уште многу други убавини. Па, ако се пронајдете на оваа листа, тогаш сметајте се за големи среќници бидејќи следниот месец, ќе ви биде едноставно незаборавен!

1. Близнаци

Сонцето ја осветлува вашата петта куќа на забава, романса и креативност овој месец и вие ќе бидете едноставно незапирливи! Да бидеме искрени, флертувањето е вашата омилена вечерна активност, и никој не може да му одолее на сјајот во вашите очи. Новата месечината во Вага на 8 октомври ќе ви донесе и колоритни нови почетоци. Работите на нов уметнички проекти? Имате посебна личност во вашиот живот? Сè ќе биде возможно за вас овој месец.

2. Вага

Среќен роденден, Ваги! Со оглед на тоа што сонцето минува низ вашата прва куќа на селфот, сите нешта во вашиот живот што се поврзани со вашиот изглед и личниот идентитет, ќе бидат во подем месецов. Тоа воопшто не треба да ве изненадува бидејќи ова е сезоната на вашиот роденден и никој не ја сака убавината и грациозноста повеќе од вас. Исто така, вашата владејачка планета ќе биде во ретроградна позиција на 5 октомври, минувајќи низ вашата втора куќа на финансии и самовредност. Тоа значи и дека ќе треба одново да ја евалвирате вашата самовредност, и да се ставите себеси на првото место на листата со приоритети.

3. Водолија

Ви се скита? Сонцето минува низ вашата огромна деветта куќа на патување, повисоко учење и далечни земји, па затоа и вие копнеете по авантура, возбуда и спонтаност. Вие ги проширувате вашите хоризонти и постојат големи шанси дека ќе почнете нешто сосема ново во вашиот живот, можеби дури и ќе запишете нов факултет. Од друга страна пак, Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе ја шармира вашата амбициозна десетта куќа на кариерата и судбината во овој свет. Па, затоа и ќе бидете дополнително атрактивни за јавноста во текот на овој период.

Дознајте и кои се 3-те хороскопски знаци што ќе бидат незапирливи за време на сезоната на Вага!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар