3-те хороскопски знаци што ќе бидат незапирливи за време на сезоната на Вага

Љубов, сјаење, пронаоѓање себеси – ова се нештата што ги очекуваат трите хороскопски знаци што оваа сезона ќе бидат главни на зодијачката сцена. Па, ако се пронајдете на оваа листа, сметајте се за среќни, бидејќи многу нешта конечно ќе ви тргнат на добро!

Овен: Ќе чувствувате љубов од сите страни

Бидејќи сонцето патува низ вашата седма куќа на врски и партнерства, вие сте расположени за дружење, па затоа и привлекувате голем број луѓе околу вас. Верувајте ни, ќе сакате целосно да ја искористите предноста на оваа космичка љубов. Полната месечина на 24 септември ќе ве стави на сцена, и вие ќе го обожавате вниманието што ќе го добивате. Но, внимавајте да не претерате со своите страсти, бидејќи полната месечина може да ви ги измеша емоциите, и да ви изнесе на површина нешто што не сте ни знаеле дека го имате во себе.

Вага: Ќе сјаете во полн ек

Среќен роденден на сите Ваги! Вие гордо ќе ја носите круната во текот на оваа сезона и никој нема да може да ви ја симне од глава. Бидејќи сонцето минува низ вашиот знак, вие едноставно ќе сјаете. Полната месечина на 24 септември ќе ја осветли вашата седма куќа на партнерства, носејќи ви го одамна потребниот завршеток и отворајќи ви нови врати за подобри партнерства (приватни, љубовни и професионални).

Водолија: Повторно ќе почнете да се чувствувате како себе

Знаеме дека не ви беше лесно минатиот месец, но нештата целосно ќе се сменат за вас во сезоната на Вагата. Додека сонцето патува низ вашата огромна осма куќа на патување, повисоко учење и далечни земји, вие конечно ќе решите да ризикувате и да почнете нова авантура, или пак, можеби едноставно само да испланирате пат до некоја егзотична дестинација. Полната месечина на 24 септември ќе ја осветли вашата трета куќа на браќа и сестри, комуникација и социјални медиуми – правејќи ве многу попопуларни од кога било претходно.

Дознајте и за кои 3 хороскопски знаци септември ќе биде најдобриот месец во годината.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар