Наједноставниот рецепт за фондан за сите оние што уживаат во декорирање торти и колачи

За сите креативни девојки и момци, што уживаат во изработката на колачи и торти со фондан, овој рецепт од само 3 состојки ќе биде совршен!

Потребни состојки:
  • 450 грама маршмелоу колачиња
  • 1 килограм шеќер
  • 4 лажици вода
Начин на подготовка:

Ставете ги колачињата во сад за печење и додајте 2 лажици вода. Потоа ставете го садот во микробранова печка и грејте околу 30-тина секунди. Измешајте ја смесата, па вратете ја во микробрановата уште 30-тина секунди.

Откако колачињата целосно ќе се стопат, ставете 500 грама шеќер и добро измешајте го. Потоа додајте ги останатите 2 лажици вода, заедно со другите 500 грама шеќер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Намачкајте ги рацете и работната површина со путер или маргарин и потоа рачно замесете ја смесата, исто како да месите тесто, и за кратко вашиот фондан ќе биде готов.

Дополнителни совети:
  • Наместо во мигробранова печка, колачињата можат да се стопат и на пареа.
  • Ако сакате да ѝ дадете арома на смесата, слободно ставете едно мало лажиче екстракт од ванила откако ќе се стопат колачињата
  • Доколку сакате да ја обоите вашата фондан смеса, поделете ја на повеќе делови во различни садови и додајте боја за храна по ваша желба
  • Смесата може да се меша со раце, но и со миксер, ако го имате додатокот за тесто

Погледнете ги и следниве идеи што ќе ве инспирираат како да ја направите вашата следна торта!

Пробајте ја и оваа лимонова торта која ќе ја помните долго време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар