Лимонова торта која ќе ја помните долго време

Совршен десерт за крајот на летото

(1) Лимонова торта која ќе ја помните долго време

Потребни состојки:
За кората:
  • 125 грама несолен путер, омекнат
  • 100 грама шеќер во прав
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 250 грама брашно
За филот:
  • 300 грама шеќер во прав
  • Кора од 3 лимони, ситно рендана
  • 9 јајца
  • 250 милилитри лимонов сок
  • 250 милилитри крем
Начин на подготовка:

За да ја направите кората, со миксер изматете ги путерот, шеќерот и солта сè додека добро не се комбинираат. Додадете ги и јајцата и мешајте додека не се комбинираат. Вклучете го миксерот на слаба брзина и матете го брашното сè додека не се соедини со смесата и потоа тргнете го тестото од садот и поставете го на рамна површина. Завиткајте го со пластична кеса и оставете го во фрижидер на околу 1 час, односно додека не се олади.

Тргнете го тестото од фрижидер и оставете го на собна температура 10-тина минути пред да го поминете со сукало. Намачкајте го садот за готвење со масло и ставете малку брашно на вашата работна површина. Сукајте го тестото сè додека не добие големина од околу 3 милиметри и е малку поголемо од вашиот сад за готвење, а потоа сместете го таму. Стиснете ја базата и страните, а потоа тргнете го вишокот околу рабовите. Поставете ја кората во фрижидер и дозволете ѝ да се олади половина час, а потоа загрејте ја рерната на 160 степени.

(2) Лимонова торта која ќе ја помните долго време

Избодете го тестото насекаде со виљушка, а потоа печете на околу 20-30 минути или сè додека тоа не добие светло златна боја. Во последните минути од печењето намалете ја температурата на 130 степени, а во меѓувреме подгответе го филот од лимон. Во голем сад, ставете ги заедно шеќерот и лимоновата кора. Додајте ги јајцата и матете сè додека не добијат густа форма, а потоа сипете го лимоновиот сок и на крај кремот. Префрлете ја мешавината во тегла.

Извадете ја кората од тортата и поставете ја на рамен сад за печење. Вратете ја повторно во рерната, со отворена врата и малку повлечете ја кон вас, па внимателно сипете ја мешавината со лимонот врз неа. Полека турнете ја наназад, затворете ја вратата и печете околу 50 до 60 минути. Откако ќе завршите со печење, дозволете ѝ да се олади пред сервирање. Чувајте ја во фрижидер.

(3) Лимонова торта која ќе ја помните долго време