7 факти за човечкиот мозок кои неврологијата не може да ги објасни

Функциите и способностите на човечкиот мозок претставуваат мистерија за науката уште од почетокот на човештвото. Неодамна, благодарение на напредокот на неврологијата, објаснети се многу работи, но сепак уште многу остануваат целосна енигма. Многу истражувачи се согласуваат дека колку повеќе учиме за мозокот, толку повеќе прашања се појавуваат. Мозокот сепак е многу покомплексен од она што се замислувало. Во продолжение погледнете ги 7-те факти за мозокот кои продолжуваат да ги збунуваат научниците.

7-fakti-za-chovechkiot-mozok-koi-nevrologijata-ne-mozhe-da-gi-objasni-kafepauza.mk

1. Болка

Специјалистите не знаат кој е механизмот кој им помага на некои луѓе да го блокираат импулсот на болката. Исто така не знаат кои се разните прагови на болка кај секое тело.

2. Соништа и спиење

Иако е познато дека соништата имаат голема улога во процесот на учење, многу работи за нив се целосна мистерија. Покрај тоа, научниците не успеале да ја решат мистеријата зад спиењето и зошто поминуваме третина од нашето време спиејќи. Вистински предизвик е да останете будни после 24 часа. Според експертите постојаната будност може да резултира со ментални нарушувања. Стаорците на кои не им бил дозволен сон умирале по 10 дена.

3. Меморија

Не е познато како функционира складирањето на сеќавања во мозокот. Научниците неодамна откриле дека делот од мозокот одговорен за сеќавања работи како засилувач на сензорите.

4. Одлуки

Иако е познато дека во донесувањето одлуки влијаат два разни система, науката не може да го открие моментот и функциите кои преовладуваат во овие механизми.

5. Интелигенција

Евалвацијата на интелигенцијата останува слаба точка за невролозите. Истражувачите не можат да објаснат што претставува интелигенцијата од биолошка гледна точка. Иако постојат некои тестови, специјалистите веруваат дека тие мерат само одредени делови од неа.

6. Нервно кодирање

И покрај бројните истражувања во ова поле, уште не е возможно да се одреди како се одвива процесот во кој електричните стимули се претвораат во кодирани информации.

7. Емоции

Емоциите се мистерија. Неодамнешни истражувања сугерираат дека емоциите се состојба на мозокот во која тој бара начин на делување. Емоциите, според некои истражувачи, може да се гледаат како вид пресметки, брзо автоматско резимирање кое води до правилно делување.

Погледнете ги и овие неверојатни факти за мозокот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар