Правилото на 3: Принцип што може да ви го промени животот!

На 9-ти јануари 2007 година, Стив Џобс ја претстави првата генерација на ајфон. Тоа беше значаен момент во историјата на технологијата бидејќи овие смартфони навистина го променија начинот на кој комуницираме. Покрај важноста на самиот момент и самата презентација била навистина интересна.

Steve Jobs Introduces iCloud Storage System At Apple's Worldwide Developers Conference

Џобс бил познат по тоа што користел изрази како „Почекајте, има уште“ или „Уште нешто…“ во неговите презентации. Во 2007 година тој ја отворил презентацијата разговарајќи за 3-те револуционерни продукти кои ќе ги претставува.

  • Ајпод со голем екран и контроли на допир
  • Револуционерен мобилен телефон
  • Нова направа за Интернет комуникација

Кога публиката почнала да ракоплеска, Џобс изјавил:

„Дали ви е јасно? Ова не се 3 разни направи. Сето ова е во една направа која ја нарековме ајфон.“

Презентацијата на Џобс била склопена според концепт кој е наречен „Правилото на 3“. Но, што всушност претставува овој концепт и зошто е толку посебен?

Моќта на 3

Правилото на 3 е принцип за пишување кој е опишан во книгата на Рој Питер Кларк „Како да пишувате кратко“ (How to Write Short). Тој предлага дека настаните или ликовите претставени со 3 нешта причинуваат поголемо задоволство и поефикасно ја пренесуваат пораката на публиката. Поголема е веројатноста публиката да ја запомни информацијата, а личноста која објаснува изгледа попаметна додека објаснувањето е едноставно.

Мартин Лутер Кинг Џуниор бил познат по тоа што го користел ова правило. Во неговиот говор „Ненасилство и расна правда“ тој го кажал следново:

„Навреда, неправда и експлоатација.“

Оваа изјава била следена со:

„Правда, добрина и братство.“

На кратко, листата од 3 нешта е многу поинтересна од онаа со 2, но многу полесна за помнење од листа која содржи 5 или 10 работи. Оваа листа опфаќа повеќе мислења, но не премногу за да ѝ стане здодевно на публиката или кој било што треба да донесе некаква одлука поврзана со информацијата.

Замислете си ситуација каде што имате само 1 опција или информација. Во овој случај опфатено е многу малку, па немате со што да споредувате. Кога имате 2 информации можеби е подобро, но во тој случај имате директно споредување и контраст. На овој начин се губи објективноста. Сега замислете дека имате 3 опции. Добивате повеќе перспективи за некоја идеја или прашање, но не премногу.

Бројте до 3 за сè

Ова правило можете да го примените речиси секаде.

  • Кога објаснувате нешто, користете 3 примери. Презентацијата на Стив Џобс е одличен пример за тоа.
  • Кога сакате да убедите некого за нешто, изнесете 3 причини. На пример: „Потребен ни е одмор оваа година бидејќи го заслуживме, имаме пари и има одлична понуда за во Швајцарија.“
  • Пред да донесете одлука, имајте на ум 3 опции. Секогаш барајте ја третата можност за да имате поширок поглед на ситуацијата.

Правилото на 3 може да биде моќна алатка во вашиот живот. Тоа им помогнало на некои од најмоќните луѓе да ги направат нивните најдобри презентации. Пробајте го ова правило и видете како ќе функционира за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар