5 интересни факти за парфемите

Автор: Софија Сионова

Парфемот, поточно е мешавина од разни мирисни ноти како резултат на што се добива еден карактеристичен мирис. Првиот парфем датира од древниот Египет, а потоа го преземаат римјаните и арапите. Денес, парфемот претставува личен украс и задолжителен додаток во сечија женска чанта.

5-interesni-fakti-za-parfemite-kafepauza.mk

1. Технологијата може одново да го создаде мирисот на скоро сѐ

Во 80-тите, научниците развија технологија позната како headspace, техника која користи сензор за да открие, анализира и повторно да го создаде мирисот на скоро секој предмет (секако, парфемите најчесто се од растенија или цвеќиња). Накратко, сензорот се става на предметот и го впива мирисот кој потоа се анализира. Собраните информации претставуваат листа на состојки кои испариле од предметот, како и нивниот меѓусебен сооднос, што им овозможува на парфимеристите да го создадат тој идентичен мирис.

2. Нормално е да се изгуби способноста за препознавање на својот парфем

Сите се навикнуваме на омилениот мирис на истиот начин како што се навикнуваме на другите елементи од нашата околина (на пример кога ќе влезете во соба со лоша миризба и останете подолго, вашиот нос се навикнува и не му смета повеќе). Откако ќе се навикнете на вашиот омилен парфем вие можете да го почувствувате само кога се прскате со него или кога свесно ќе се потрудите да го препознаете. Но тоа не значи дека другите не го чувствуваат, ниту дека треба да нанесувате повеќе за да го почувствувате.

3. Луѓето со чувствителна кожа можат да ја парфимираат облеката

Ако имате чувствителна кожа тогаш немате многу можности околу парфемите, но тоа не значи дека не можете да ја испрскате вашата облека. Тестирајте прво на тешко забележливите делови од облеката, а ако носите некој нежен или скап материјал не ризикувајте и прескокнете го парфимирањето.

4. Пулсните точки не се секогаш најдоброто место за нанесување парфем

Ако сакате да оставите добар впечаток, тогаш парфемот нанесете го на вашата коса. Поради минималната масленост што ја содржи, таа го задржува мирисот подолго отколку кожата. Исто така, косата често се загрева од самата глава и прамените постојано се движат, па на тој начин мирисите уште повеќе се распространуваат. Кога нанесувате мирис на вашата коса морате да бидете внимателни: ако го правите тоа пречесто таа може да стане сува.

5. Поскапото не значи подобро

Цената на парфемите е често маркетиншки трик за привлекување повеќе купувачи. Парфемите се како храната: можат да бидат убави, но и евтини. Иако најчесто брендовите ги продаваат по цена која ја креираат според самите состојки кои ги употребиле за изработката и нивната концентрација, поскапиот парфем не мора да биде и поубав. И за малку пари може да се пронајде прекрасен парфем. Исто така оние парфеми кои се базирани на синтетички материјали можат да бидат поскапи од природните, што пак е спротивно на цената споредбено со некои органски и природни линии за грижа на кожата, бидејќи ретките и високотехнолошки материјали се често поскапи отколку природните масла и есенциите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар