30 знаци дека повеќе ги сакате книгите отколку луѓето

30 знаци дека повеќе ги сакате книгите отколку луѓето

Постојат луѓе кои многу повеќе уживаат во седење дома и читање добра книга, отколку во излегување и многу дружби. Таму во својот свет се чувствуваат удобно и не сакаат да бидат вознемирувани. Уживаат во запознавањето со нови книжевни приказни и ликови, во кои секогаш успеваат да се пронајдат. Во продолжение погледнете некои од знаците кои покажуваат дека сепак, повеќе ги сакате книгите отколку луѓето.

30 знаци дека повеќе ги сакате книгите отколку луѓето

1. Честопати откажувате други планови за да останете дома и да читате. Нестрпливи сте да дознаете што следно ќе се случи во книгата што моментално ја читате.

2. При читањето на речиси секоја книга, си замислувате кој лик би биле. А пак во оние омилените, можете веднаш сите книжевни ликови да ги поистоветите со луѓето кои ги познавате.

3. Читате една иста книга повеќе пати, само за повторно и повторно да ја доживеете.

4. Не ја оставате книгата, сè додека не завршите со читање. Останувате до доцна и не спиете само затоа што книгата е едноставно преинтересна.

5. Каде и да одите, со себе носите книга. На кино, концерти, па дури и во теретена.

6. Кога одите на одмор, со себе носите повеќе книги од чевли. Блиските секогаш ви велат да оставите некои од нив, бидејќи според нив, одморот е за опуштање, а не за читање книги.

7. Често посакувате да сте живееле во минатиот век, во Париз, или пак во Лондон – да сте можеле да го гледате светот низ очите на Хемингвеј, Фицџералд, Евелин Воуг.

8. Понекогаш себеси се опишувате како личност со стара душа.

9. Кога читате некоја книга, длабоко се внесувате во животите на ликовите и се чувствувате како да ги познавате. Ако пак станува збор за препрочитување на книга, при секое ново читање се чувствувате како повторно да се среќавате со стари пријатели.

10. Често поминувате време по библиотеки или книжарници, не за да купите нешто, туку само да видите што се нуди. Но колку и да се трудите, никогаш не ви успева да излезете од таму, без барем една книга во рацете.

11. Најомилен подарок за вас е секако – книга.

12. Можете да пешачите и истовремено да читате книга.

13. Знаете многу повеќе за своите омилени писатели од останатите луѓе.

14. Ако некој ве праша од која книга би сакале да бидете дел, веднаш би знаеле што да одговорите.

15. Повеќе сочувствувате со смртта на вашиот омилен книжевен лик, отколку со онаа на некоја личност од реалниот живот.

16. Исто така, смртта на омилениот лик за вас е како да сте изгубиле некој близок другар. Знаете дека никогаш не сте го сретнале, но имате чувство дека точно знаете што мисли.

17. Наткасната и бирото се едноставно преплавени со книги.

18. Во сè може да видите потенцијален бележник за книги. Сметката и билетот за кино се совршени за таа намена.

19. Строго сте против пишувањето белешки на маргините од книгата, бидејќи сакате страниците на книгата да ви останат чисти и неишкртани.

20. Кога некогаш сами излегувате надвор да јадете, воопшто не ви е проблем со себе да ја земете и книгата. Кафето и оброкот ви се одлично друштво.

21. Едвај чекате да ги завршите сите обврски, за да може да одите дома и да читате.

22. На работа кога сите ручаат во најблискиот ресторан на пауза, вас човек ќе ве најде на биро или надвор на клупа со книга и сендвич в раце, секако.

23. Имате толку многу книги во домот, што би ви требало цел живот за да ги прочитате. Но, не грижете се. Некогаш можеби и ќе успеете во тоа.

24. Кога читате нешто, целосно се исклучувате.

25. За вас книгата е секогаш подобра од филмот. Честопати и не ги гледате филмуваните верзии, затоа што знаете дека ќе се разочарате.

26. Се затрескувате во некој книжевен лик и посакувате да има повеќе мажи како, да речеме, г-дин Дарси од Гордост и предрасуди.

27. После водење љубов, најдоброто нешто за вас е кога двајцата заедно читате некоја добра книга.

28. Кога некого вистина го почитувате, му давате подарок книга, која вам ви е значајна.

29. Ги гледате полиците со книги во нечиј дом и веднаш сфаќате за каков тип на луѓе се работи. Можете многу да кажете за некој човек, врз база на книгите кои ги чита.

30. Понекогаш кога зборувате со некого, се фаќате себеси како размислувате за книгата што ја читате и се прашувате како одреден лик би реагирал на одредени прашања и теми во разговорот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар