50 знаци дека во 20-тите години имате повеќе успех отколку што сте мислеле

50 знаци дека во 20-тите години имате повеќе успех отколку што сте мислеле

Секоја личност има различна дефиниција за успехот, затоа што ја исполнуваат различни работи. Но, она што е заедничко за сите човечки суштества, е потребата за љубов, разбирање, почит и сакање. Дел од успехот подразбира и усовршување на вашата личност, учење како да поминете низ тешките времиња и упорно чекорење напред, кон подобра иднина. Погледнете ги овие 50 работи кои ќе ви ги отворат очите и ќе ви покажат дека вашите 20-ти години се многу поуспешни отколку што сте мислеле досега.

50 знаци дека во 20-тите сте имале повеќе успех отколку што замислувате

1. Сте доживеале неуспех и сте научиле дека тоа не ве убива.

2. Сте побарале помош кога ви било потребно, дури и тоа да направило да се чувствувате непријатно или со помала вредност.

3. Сте поминале одредено време размислувајќи за тоа колку сте среќни што сте живи.

4. Вашето срце ви било скршено, па без разлика дали сте излекувани или пак сѐ уште сте во тој процес, вие сте научиле дека сте многу посилни отколку што сте можеле да очекувате.

5. Сте се труделе да бидете добар пријател.

6. Сте се извиниле и сте се обиделе да ја подобрите ситуацијата секогаш кога не сте биле во право.

7. Сте слушнале за некоја работна позиција која подразбира излегување надвор од вашата зона на удобност, но сепак сте аплицирале за неа.

8. Сте откриле како да пронајдете убавина и во болката.

9. Сепак сте решиле да станете од креветот, дури и во оние денови кога сте чувствувале дека тоа е најтешката работа на светот.

10. Имате направено добри и благородни нешта.

11. Сте научиле дека заслужувате нешто добро, па секогаш знаете да се одбраните себеси од оние кои не се однесувале добро кон вас, без разлика дали бил некој ваш пријател, партнер, колега или шеф.

12. Сте научиле дека понижувањето на другите луѓе воопшто не носи добро чувство во животот.

13. Сте научиле дека колку и да ви е добро во моментот, наредниот веќе можете да се соочите со некое разочарување.

14. Без разлика колку и да е тешка битката, вие сте научиле да собирате храброст да влезете во неа.

15. Сте научиле да не им дозволувате на малите работи да ве фрустрираат.

50 знаци дека во 20-тите сте имале повеќе успех отколку што замислувате

16. Дури и да се изнервирате некогаш, бидејќи сепак сте човечко суштество, вие имате научено како да се справите со тој бес.

17. Имате вложено во својата едукација, без разлика дали е тоа продолжување со училиштето, читање книги, изучување странски јазик…

18. Имате научено да се прифатите себеси онакви какви што сте и дека не можете да бидете совршени.

19. Сте научиле да престанете да ги обвинувате другите луѓе за вашите проблеми.

20. Сте научиле дека е тешко да не се грижите што мислат другите луѓе.

21. Но исто така имате сфатено дека мислењето на другите не треба да ви биде пречка да ги правите работите кои ги сакате.

22. Имате правено грешки, но сте научиле како да си простите себеси.

23. Сте имале покрај себе и други кои правеле грешки, но сте научиле како и ним да им простите.

24. Сте престанале да се извинувате за вашите емоции. Вие имате научено како да живеете со нив и прифаќате дека понекогаш можете да бидете и нестабилни.

25. Сте поминале низ распаѓање на некое пријателство кое сте мислеле дека ќе постои засекогаш.

26. Имате научено како да се помирите со ситуациите и како да пронајдете пријатели кои никогаш нема да ве изневерат.

27. Сте почнале да се заљубувате во душите на луѓето, наместо во нивните физички карактеристики.

28. Сте научиле дека треба да поминувате разумно време на социјалните мрежи.

29. Сте научиле дека нешто што навидум е невозможно, може да биде остварено.

30. Имате научено кои се добри правила, а и ги игнорирате глупавите.

31. Сте научиле постојано да бидете во потрага по она што ви одговара.

32. Имате научено да кажете „не“ секогаш кога тоа е потребно.

33. Исто така имате научено како да кажете „да“ без да се плашите.

34. Сте научиле секогаш да преземате акции за да ги извршите работите, наместо само да зборувате за тоа.

35. Сте научиле како да го отстраните од вашите мисли лошиот ден, па да се подготвите за ново утро и нов почеток.

50 знаци дека во 20-тите сте имале повеќе успех отколку што замислувате

36. Имате пронајдено среќа во создавање прекрасни работи.

37. Сте научиле како да ви биде пријатно во вашето сопствено друштво.

38. Сте научиле дека жалењето нема да ви донесе ништо добро.

39. Ваши омилени нешта станале оние за кои не ви требаат пари: Смеа, пријателство, креативност, прошетки, дружење…

40. Сте научиле да го сакате она што го сакате, без разлика дали е добро или не.

41. Сте побарале да бидете искачени на повисоко скалило, затоа што знаете дека заслужувате.

42. Сте почнале да се извинувате за работите за кои треба да се извините.

43. Исто така сте престанале да се извинувате за работите за кои не се чувствувате виновни.

44. Сте научиле секогаш да се заблагодарувате.

45. Сте пронашле среќа во правењето работи за другите.

46. Сте направиле многу тешки работи, дури и кога не сте се чувствувале доволно подготвени за тоа.

47. Сте се труделе многу околу луѓето.

48. Сте научиле колку е прекрасно чувството да ги извршувате работите без притоа да барате нечие одобрение и дозвола.

49. Сте направиле храбри и страшни чекори за работите кои ви се важни.

50. Сте сакале, целосно, со сето свое срце, бестрашно, прекрасно, несовршено, неодоливо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар