30 сигурни начини на кои можете да си го уништите животот

30 сигурни начини на кои можете да си го уништите животот

Среќа? Што беше тоа? Започнувајќи од игнорирање на вашата интуиција, па сè до дозволување на вашиот внатрешен критичар да ве направи покорни, постојат многу начини на кои можете да си го уништите вашето време поминато на оваа планета. Па, доколку барате нови нешта со кои можете да направите да се чувствувате помизерно, понеуспешно и поанксиозно, продолжете со читање. Ви ги претставуваме 30-те гарантирани начини на кои можете да го уништите вашиот живот и вашата среќа.

30 сигурни начини на кои можете да си го уништите животот

1. Не одвојувате време да ја спознаете личноста која навистина сте. Колку помалку знаете за себе, толку помалку ќе знаете што сакате, а што не.

2. Не го насочувате целото ваше внимание кон она што го правите или кон личноста со која зборувате. Обрнувањето внимание не само што ќе ви помогне подобро и побрзо да ги завршите вашите обврски, туку и ќе го подобри вашиот контакт со другите луѓе.

3. Брзате со донесување претпоставки. Овие непромислени осуди можат да ги уништат вашите врски уште пред да започнат.

4. Се менувате себеси со цел да станете личност која другите повеќе ќе ја сакаат. Им дозволувате на стравовите од одбивање да работат против вас.

5. Живеете во страв дека ќе бидете осудувани. Секој човек ќе има свое мислење за вас и понекогаш вие нема да можете да го промените тоа, без разлика колку ќе се обидувате.

6. Го чекате „совршениот“ партнер. Можеби никогаш нема да ја најдете идеалната личност за вас, но барем ќе знаете дека нема да мора да се помирите со второто најдобро.

7. Се споредувате со другите. Зарем има подобар начин на кој можете да се чувствувате лошо за себе?

8. Останувате во врска со личност која не ве прифаќа во целост. Обидите да се промените за вашиот партнер или партнерка ќе води до губење на онаа личност која навистина сте.

9. Го игнорирате вашето здравје. Слободно продолжете да пушите, да јадете брза храна, да не спиете доволно, да не пиете вода…

10. Цврсто се држите за вашите стари навики, мисли и чувства. Исто како оние стари фармерки во вашиот шкаф кои знаете дека никогаш повторно нема да ги облечете, но сепак им дозволувате да ви зафаќаат простор.

11. Правите долги и сериозни разговори преку порака. Многу зрело од ваша страна.

12. Постојано ги повторувате истите грешки. Зарем досега не ја научивте лекцијата?

13. Постојано се обидувате да постигнете совршенство. Целиот ваш живот се врти околу идејата дека совршеното навистина постои.

14. Не ѝ верувате на вашата интуиција. Шесто сетило? Тоа не постои.

15. Му дозволувате на стравот да ве води низ животот. Вие никогаш не преземате ризици поради страв од неуспех. И уште полошо, стоите настрана и постојано се жалите.

16. Очекувате другите да живеат според вашите очекувања. И сериозно ги казнувате доколку не го прават тоа.

17. Ширите невистини и озборувања за другите. Поради кои изгледате мало и љубоморно во очите на другите луѓе.

18. Ги мразите сите и сè околу вас. Постојано сте незаинтересирани за она што се случува со другите и често ги осудувате сите видови однесувања, најчесто дури и без причина.

19. Одбивате да комуницирате. Кога сте во средината на расправија, вие или молчите или тотално полудувате.

20. Дозволувате да ве дефинираат негативни коментари од личности кои не ве ни познаваат. Вие сте толку едноставни за сфаќање што значи дека тие мора да се во право!

21. Вашето мислење станува дел од вашето его. Претпоставувате дека секогаш сте во право и се карате со секој кој ќе се обиде да ви објасни дека постои и друга перспектива за гледање на нештата.

22. Живеете во минатото. Никогаш не знаете кога ќе измислат временска машина, па токму затоа подобро е доколку цело време сте подготвени за враќањето назад.

23. Љубоморни сте на среќата и успехот на другите. И го користите тоа како доказ дека вие никогаш ништо нема да добиете.

24. Не го почитувате сопствениот збор. И токму затоа кажувате едно, а правите нешто сосема друго.

25. Се жалите за сè. Ги нагласувате сите оние нешта кои ве прават мизерни и доколку некој не дај Боже каже нешто позитивно, вие ги потсетувате на вашата мизерија со цел да ги направите и нив помалку среќни.

26. Ги критикувате сите. Без разлика на тоа дали овие критики се основани или не.

27. Гледате на добрината како на слабост. Токму затоа и им пристапувате на луѓето со мотото „Ќе преживеат само најсилните“.

28. Држите во себе огорченост. Опростувањето е за слабите и за губитниците.

29. Лажете. Особено многу ги лажете оние кои навистина ви веруваат за нешто кои се многу значајни. На пример, вашиот партнер за верноста.

30. Не велите „Извини“. Никогаш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар