Што кажуваат за вас емотиконите што ги користите?

Што кажуваат за вас емотиконите што ги користите?

Кога додавате емотикон на крајот од вашата порака, кажувате многу повеќе отколку што мислите. Денес емотиконите се важен дел од нашата комуникација преку телефоните, социјалните мрежи и Интернетот.

Што кажуваат за вас емотиконите што ги користите?

Тие помагаат да се разбере наводно двосмислена порака, појасно да се искажат емоциите и брзо да кажете како се чувствувате со само еден симбол. Но не секој ги користи и толкува на ист начин.

Па дали овие симболи имаат влијание на начинот на којшто нè гледаат другите? Дали разни видови луѓе користат разни емотикони за иста цел? Кои се психолошките фактори поврзани со овие постапки?

Со цел да се открие ова, група студенти биле замолени да пополнат прашалник за нив. Потоа се проучувала нивната текстуална комуникација во сценирана ситуација.

Прашањата се однесувале на мислењето на студентите за нивниот карактер, самодоверба, социјална анксиозност и грижи за тоа како се претставуваат пред другите. Исто така одговарале колку ги употребуваат емотиконите и зошто ги користат во пораки и имејлови. Потоа правеле скриншот од нивниот Фејсбук профил и ги снимале 10-минутните разговори со друг непознат студент преку Фејсбук.

Резултатите покажале дека луѓето кои се сметале за личности што ги сакаат почесто користеле емотикони на социјалните мрежи. Луѓето кои помалку се грижеле за мислењето на другите почесто користеле тажни емотикони.

Се покажало дека луѓето користат разни емотикони за разни ситуации во зависност од нивниот карактер. „Пријатните“ луѓе настојувале да користат социјални и емоционални знаци во реалниот свет за комуникација, како што се насмевка и охрабрување. До некој степен истото однесување било забележано и во виртуелната комуникација. Ова особено важи кај социјалните мрежи како Фејсбук каде што пораките се поголеми, публиката е поголема и интеракциите се побогати и покомплексни. Истовремено, оние кои не се грижеле за мислењето на другите без проблем ги покажувале сите емоции, вклучувајќи ја и тагата.

Исто така се покажало дека емотиконите не се користат во сите видови виртуелна комуникација. Повеќето од испитаниците сметале дека емотиконите не се пристојни во професионален контекст, а ова најверојатно објаснува зошто се користат повеќе на социјалните мрежи отколку во имејловите. Сепак, испитаниците изјавиле дека емотиконите се корисен начин за искажување и намалување на двосмисленост на пораката.

Ова покажува дека емотиконите можат да бидат навистина корисни за луѓето кои имаат проблем да ги искажат своите емоции само преку текст.

На крај, друга група луѓе била замолена да ги погледнете профилите на испитаниците и сниманите разговори со цел да се открие како ги гледаат другите во однос на употребените емотикони. Се покажало луѓето кои користеле повеќе „насмеани“ емотикони биле гледани како пријатни и отворени кон нови искуства.

Сепак ова не секогаш се совпаѓало со мислењето што го имаат луѓето за себе. Испитаниците најмногу се согласувале за тоа дали се екстроверти и отворени кон нови искуства. Ова значи дека емотиконите не секогаш даваат секогаш приказ за карактерот на личноста.

Сето ова покажува дека употребата на емотиконите има големо влијание на туѓото мислење за нас, па веројатно треба да ги користиме повнимателно.

Погледнете и што навистина значат емотиконите кои најчесто ги користиме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар