10 древни средства за намалување на болката

Многумина веруваат дека пациентите пред раниот 20-ти век морале да ја трпат болката од поправање или вадење заб и операции. Но археологијата кажува дека ова не е точно, барем не за сите. Некои од нашите предци биле навистина креативни кога станува збор за медицината. Иако не е познато како точно го стекнале знаењето, тие вешто ги користеле природните супстанци за намалување и спречување на болката.

1. Опиум

10 древни средства за намалување на болката

Уште во далечната 3400-та година п.н.е. афионот се одгледувал во долна Месопотамија. На древните Сумерци им било познато својството на афионот. Ова знаење за правење опиум од афион било пренесувано од Сумерците до Асиријците, Вавилонците и Египќаните. До 1300-та година п.н.е. Египќаните одгледувале нивен афион. Во 330-та година п.н.е. Александар Велики им го донел опиумот на Персијците и Индијците. Околу 1300-та година употребата на опиумот низ Европа се сметала за „демонска“, но во 1527-ма година почнал повторно да се користи. Иако бил анестетик, опиумот често се користел и рекреативно.

2. Буника

10 древни средства за намалување на болката

Како и многу тревки и цветови коишто се користат во медицината, и буниката има психотропни својства. Ова растение се употребувало во првиот век од нашата ера за намалување на болката. Во древна Турција, буниката се консумирала како пилула или се пушела и се користела за намалување на болка во забите и ушите. Како лек за забоболка, буниката се ставала врз загреан јаглен. Чадот од семето се вдишувал преку уста со што се намалувала болката.

3. Акупунктура

10 древни средства за намалување на болката

Првиот текст во кој акупунктурата е претставена како организиран систем за дијагноза и третман потекнува од 100-та година п.н.е. Документот е заснован на традиција која е стара со векови и е дел од таоистичката филозофија. Овде се спомнуваат каналите на животната сила, концепт важен за третирање разни болести со ставање игли на прецизни локации.

Овој третман бил забранет во 1929-та година, но повторно почнал да се употребува 1949-та година кога бил класифициран како алтернативна медицина. Оттогаш акупунктурата се проширила низ Јапонија, Европа и САД, иако постојат малку истражувања коишто го потврдуваат нејзиното дејство. Критичарите на процедурата сметаат дека таа е всушност анестетик, а подобрувањето на пациентот најчесто е поради плацебо ефектот.

4. Мандрагора

10 древни средства за намалување на болката

Грчкиот лекар Диоскорид прв пат ги запишал ефектите на ова растение во првиот век од нашата ера. Тој пишувал за вино од мандрагора кое ги заспивало пациентите. Диоскорид го нарекол ова заспивање анестезија. Во 13-титот век во Италија, Уго Боргоџони го претставил „сунѓерот за спиење“ како анестетик. Сунѓерот бил потопен во мешавина од опиум, мандрагора и други супстанци. Потоа се поставувал на носот на пациентот додека не заспиел.

5. Татула

10 древни средства за намалување на болката

Иако потекнува од отровно растение, во древните времиња татулата се користела за намалување на болка. Спомната е во медицинските текстови на Диоскорид, Теофраст и Целзус. Овој лек имал неколку сериозни несакани ефекти. Само 3,41 грама од лекот помешани со вино предизвикувале халуцинации, додека двојно поголемата доза предизвикувала лудило кое траело и до 3 дена. Поголемо количество предизвикува трајно лудило, па дури и смрт.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар