13 неверојатни жени за кои можеби не сте слушнале во 2017-та година - Part 2

13 неверојатни жени за кои можеби не сте слушнале во 2017-та година

7. Јука Огата

(7)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

Јука е јапонска политичарка што започна голема дебата во нејзината држава со тоа што го однела синот на работа. Таа била замолена да ги напушти просториите бидејќи имало правило коешто им забранува на луѓето кои не се вработени да учествуваат на состаноците. Огата неколкупати немала избор и морала да го донесе својот 7-месечен син на работа, но од таму ѝ велеле да најде беби-ситерка. Сепак, таа доби неверојатна поддршка од нејзината држава, како и од целиот свет.

„Сакам да направам место каде што жените кои одгледуваат деца можат да постигнат многу.“

8. Илхан Омар

(8)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

Илхан е првата жена од Сомалија која станала пратеничка во Претставничкиот дом на парламентот во Минесота. Таа ја напуштила Сомалија кога имала 12 години и со семејството се преселила во САД. Покрај тоа што е пратеник, таа е директор на една организација за жени, и е мајка на 3 деца.

9. Савана Кестор

Ова 13-годишно девојче изјавило дека е геј во нејзината црква.

„Ниту еден дел од мене не греши. Не одбрав да бидам ваква.“

Нејзиниот микрофон бил исклучен пред да успее да продолжи со говорот.

„Мислам дека го направија тоа бидејќи не ја сакаа мојата порака. Не сакам да бидам злобна кон нив ако тоа не е вистина, но чувствував дека им е страв од мене и од она што го зборувам:“

10. Феминистката Џоунс

Оваа девојка ги искористила социјалните мрежи за да инспирира милиони жени да се согласат со коментарите кои ги добиваат од мажите. Твитер профилот на Џоунс ги натера жените да го прифатат она што ги прави посебни.

„Ова не е нова идеја, но според моето искуство, кога ќе добијам коментар од маж и ќе му речам дека се согласувам, тој се разочарува. Тие сметаат дека не треба да бидеме свесни за она што го поседуваме.

11. Малото девојче со свој знак

(10)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

Фотографијата на Џени Соури од нејзината ќерка се прослави откако ја споделила на социјалните мрежи. Фотографијата е направена на еден марш за правата на жените. Девојчето само го направило знакот додека таа и нејзиниот сопруг работеле на нивните знаци.

„Нè гледаше како ги правиме знаците, па зеде неколку боички и почна да го прави нејзиниот. Очигледно има нешто што сака да каже.“

12. Лариса Вотерс

(11)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

Оваа правничка од Австралија се прослави со тоа што го доеше нејзиното дете на Австралискиот сенат. Таа изјавила дека ја доела својата 11-неделна ќерка кога неочекувано ја повикале.

„Таа сè уште цицаше кога ме повикаа. Па веднаш истрчав во просторијата и продолжив со доењето. “

Лариса изјавила дека реакциите за настанот ја оставиле со измешани емоции.

„Фактот дека е новост што една млада жена го дои своето дете во парламентот покажува колку треба да направиме за нашиот парламент да изгледа како заедница. Поминаа 116 години и трагично е што е потребно толку многу време.“

13. Еш Сото

(12)13-neverojatni-zheni-za-koi-mozhebi-ne-ste-slushnale-vo-2017-ta-kafepauza.mk

Оваа девојка го претворила своето тело во уметничко дело откако со години била малтретирана поради нејзината состојба. Таа има витилиго и го користи нејзиниот Инстаграм профил со цел да ги поттикне другите да се сакаат и да се прифатат.

„Ми беше потребно многу време да го покажам моето вистинско лице. Го покажав дури кога се чувствував доволно силна и емоционално стабилна да ги издржам реакциите.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар