13 начини на кои уметниците можат да ги продаваат нивните креативни дела онлајн

13 начини на кои уметниците можат да ги продаваат нивните креативни дела онлајн

Со развојот на технологијата, денес сѐ почесто луѓето продаваат и купуваат уметност преку Интернет. Дури и самите галерии ја нудат оваа опција. Од скапи уметнички дела па сѐ до необични рачни изработки, љубителите на уметност полека се навикнуваат да купуваат онлајн. Доколку и вие изработувате уметнички дела, но не знаете како да ѝ ги понудите на јавноста, Интернетот ви нуди многу опции. Не знаете како да продавате уметност онлајн? Не знаете од каде да почнете? Не грижете се! Погледнете кои се 13-те најдобрите опции за продавање уметност онлајн…

13 начини на кои уметниците можат да ги продаваат нивните креативни дела онлајн

1. Shopify

Доколку веќе имате убаво дизајниран веб-сајт посветен на вашата уметност, можете да си создадете и ваша сопствена онлајн продавница. Shopify е одличен избор за да го направите тоа, бидејќи е многу едноставен и флексибилен за употреба. Ако направите сѐ како што треба, потрошувачите нема ни да забележат дека користат Shopify. Сакате да се обидете? Погледнете како да креирате продавница на Shopify за да ги продадете вашите креативни дела.

2. Amazon

Да, добро прочитавте! Овој гигант во светот на онлајн продажбата има посебен оддел наречен Amazon Art. Дури можете да си одберете и куратор за да добиете чувство дека сте во галерија, а не на дигитален пазар. За да можете да ја продавате вашата уметност на Amazon, треба прво да ви го одобрат тоа. Треба да знаете дека само одредени типови уметност се прифатливи. Дозволени се оригинални уметнички слики, цртежи, дводимензионални изработки како и фотографии и дизајни. За жал, скулпторите ќе мора да си ја побараат среќата на друго место, бидејќи тридимензионалната уметност не е дозволена.

3. Etsy

Уште од 2005 година, Etsy е најпознатиот онлајн пазар за рачни изработки и винтиџ предмети. Тоа го докажува и неговото мото кое гласи „Купувајте што било од креативните луѓе насекаде низ светот“. Дали сте модни дизајнери и сакате да ја продадете вашата облека онлајн? Или можеби изработувате мебел и накит? Тогаш ова е идеалниот избор за вас. Ќе треба да платите одредена сума на пари за да се регистрирате, но многу лесно ќе можете да отворите сопствена продавница. Etsy исто така им нуди голем број извори на продавачите благодарение на кои можат лесно да се информираат за сѐ што ги интересира. Дефинитивно постои причина зошто оваа страница има повеќе од милион активни корисници.

13 начини на кои уметниците можат да ги продаваат нивните креативни дела онлајн

4. eBay

Многу уметници успеваат да ги продадат своите дела на eBay. Погледнете ја категоријата посветена на уметност за да видите што сѐ се нуди. Уште од 1995 година, eBay важи за еден од најуспешните веб-сајтови за онлајн продажба и им нуди голема поддршка на неговите корисници. Погледнете го нивниот водич за продажба на уметност за да видите што можете да направите за да ги претставите вашите дела во најдобро светло и да си загарантирате сигурна продажба.

5. Society6

Доколку сакате да продадете уметнички репродукции или да ја испечатите вашата креативност на разни производи, Society6 ќе ви го овозможи тоа. Треба само да ги додадете вашите дела и фотографии за да бидат достапни на веб-сајтот. Како уметник, ги задржувате сите авторски права за вашите дела и Society6 се грижи за доставата, така што вие нема да треба да се заморувате со пакување и испорака. Ако отсекогаш сте сонувале да ги видите вашите илустрации на најразлични предмети, дефинитивно треба да се обидете со Society6.

13 начини на кои уметниците можат да ги продаваат нивните креативни дела онлајн

6. Zazzle

Zazzle го нуди најдоброто од двата света бидејќи ви дава опција или да продавате производи или да продавате уметност. Уметниците, графичките дизајнери и фотографите само ги „закачуваат“ нивните дела коишто потрошувачите подоцна можат да побараат да им се испринтаат на најразлични производи. Бесплатно можете да си отворите продавница и сами да си ја одредите цената на производите. Zazzle ќе се погрижи за сѐ останато.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар