10 факти за Амстердам

10 интересни факти за Амстердам

Што ви е првата помисла кога некој ќе го спомне Амстердам? Ги има многу, нели? Во продолжение се потрудивме да опфатиме нешта кои се интересни и можеби помалку познати за некои од вас.

1-11-fakti-za-Amsterdam-kafepauza.mk

1. Амстердам може да исчезне

Амстердам се наоѓа под морската височина, најниската точка е 6,7 метри под нивото на морето. Ако се случат климатски промени кои ќе доведат до зголемување на морското ниво, тогаш Амстердам го чека судбината на Атлантида.

2. Црвената улица

5-11-fakti-za-Amsterdam-kafepauza.mk

Излог на проституцијата. Има околу 500 „излози“ и бордели во Амстердам. Дневно работат по 1.000 проститутки, а годишно градот гледа повеќе од 8.000 различни проститутки.

3. Амстердам е изграден на метални прачки

2-11-fakti-za-Amsterdam-kafepauza.mk

Поточно на купишта масивни столбови укотвени во земја, кои претставуваат темел на градот. Повеќе од 6.000 метални столбови ја држат Централната станица.

4. Полн со полиглоти

Односно луѓе кои знаат повеќе јазици. Па така во Холандија 86% од жителите течно зборуваат англиски, холандски и по уште некој јазик.

5. Тој е вториот град кој е најголем потрошувач на кафе во светот

Секој жител во просек пие 140 литри кафе годишно или околу 3,2 шолји кафе дневно.

6. 25.000 велосипеди годишно завршуваат во каналите на Амстердам

3-11-fakti-za-Amsterdam-kafepauza.mk

25.000 велосипеди кои паѓаат во каналите годишно, а се извлекуваат само 8.000 од нив, што значи дека има доста кои сè уште се наоѓаат под вода.

7. Во Амстердам занаат како да го направат најдоброто пиво

Холандија е најголем извозник за пиво. Се извезува двојно повеќе пиво отколку од САД, односно 1,3 милијарди литри секоја година и тој број сè уште расте.

8. Има повеќе канали отколку Венеција

Иако Венеција е позата по своите канали, но не поради квантитетот на каналите. Амстердам може да се пофали со 165 канали долги 100 км кои ја формираат мрежата од канали низ целиот град. Па така Амстердам често го нарекуваат „Венеција на северот“.

9.Амстердамските староседелци се највисоките луѓе во светот

Во просек висината на еден маж изнесува 180 см, а висината на жената 170 см. Тоа се должи на нивните гени и на нивниот здрав начин на исхрана.

10. Има околу 2500 брод-куќи

4-11-fakti-za-Amsterdam-kafepauza.mk

Некои од нив се во сопственост на жителите а некои се издаваат. Дури има и брод-куќичка за мачки. Ако ви се допадне ваквиот концепт на куќи може и да го посетите и музејот наменет за нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар