Вереникот ја оставил на олтарот, но таа сепак имала неверојатно забавен ден за паметење

Вереникот ја оставил на олтарот, но таа сепак имала неверојатно забавен ден за паметење

Кога Шелби и нејзиниот вереник ја откажале свадбата, таа веднаш морала да извести многу гости и снабдувачи за настанот. Била потиштена бидејќи чувствувала дека сите нејзини пријатели и роднини ќе бидат шокирани и разочарани и нема да знаат како да се однесуваат со неа. Но Шелби вели „Забава од сожалување беше последното нешто што сакав и ми требаше.“

3-verenikot-ja-ostavil-na-oltarot-no-taa-sepak-imala-neverojatno-zabaven-den-za-pametenje-.kafepauza.mk

Со помош на фотографката Елизабет Хоард, таа дошла до перфектен план сите заедно да го прослават тој ден кој требало да биде нејзиниот свадбен – да организираат фотосесија „Уништи го фустанот“.

Шелби вели: „Први ноември требаше да биде забавен и среќен ден, да бидам опкружена со пријатели и роднини кои ме сакаат. Одлучив да не дозволам грешката на мојот поранешен вереник што ме напушти да ми го одземе тоа.“

Заедно со нејзините родители и со девериците, сите дотерани во нивните фустани и одела, Шелби во нејзиниот невестински фустан учествувала во огромна „тепачка“ со бои. Тој ден бил исполнет со смеа и возбуда, дозволувајќи им на сите да уживаат во меѓусебното друштво.

Тоа било толку катарзично и токму она што ѝ било потребно на Шелби. На крајот, сите многу се забавувале.

„Моментот кога првата капка боја се најде на мојот фустан, јас бев слободна“, вели Шелби.

А фустанот изгледал дури и подобро после забавата. Тој ќе биде изложен во локална продавница во Мемфис на почетокот на јануари, а дел од средствата ќе оди за „Be Free Revolution“, непрофитна организација која помага во едукацијата и поттикнувањето на младите во Кенија и Уганда.

А на својот вереник таа му порачува: „Ти благодарам што ме поштеди од поголема болка и загуба. Ти благодарам што ме оттурна од себе за да сфатам колкава е мојата сила… Ти благодарам што ме научи дека никој не може да ми ја одземе среќата. Ти благодарам што ме остави за да можам еден ден вистински да искусам што значи возвратена љубов. ТИ БЛАГОДАРАМ!“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар