10 факти за пирамидите кои можеби го докажуваат постоењето на древна напредна технологија

Древните пирамиди во Гиза го воодушевуваат човештвото со векови. Многу години се сметало дека Големата пирамида, изградена од фараонот Куфу околу 2550-та година пред нашата ера, била најголемото здание на Земјата. Втората пирамида се верува дека е изградена од синот на Куфу, Кафре, околу 2520-та година пред нашата ера. Третата пирамида е значително помала и се смета дека е изградена од фараонот Менакур во 2490-та година пред нашата ера.

(11)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

И покрај целото проучување на овие пирамиди, научниците сè уште не можат да кажат како точно се изградени. Постои верување дека пирамидите се белег оставен од многу понапредна цивилизација, постара од 4500 години. Ова се 10-те причини кои можеби докажуваат дека навистина постоела напредна древна технологија.

1. Големината и тежината на материјалот

(1)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

Самата големина на пирамидите сугерира дека во нивната изградба била користена некоја, за нас непозната, технологија. Големата пирамида е направена од 2,3 милиони камени блокови, а секој од нив тежи до 15 тони. Археолозите сметаат дека камењата потекнуваат од некој близок извор, но како работниците успеале да ги помрднат? Некои луѓе веруваат дека за ова се користеле дрвени рампи. Но, ова е речиси невозможно бидејќи не постои дрво кое ќе може да ја издржи масата на камењата. Според пресметките, работниците поставувале нов камен блок на секои 2,3 минути, а ова е неверојатно, ако не и невозможно.

2. Сложени системи од тунели

(2)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

Тунелите кои се пронајдени под пирамидите навистина укажуваат на напредна цивилизација. Овие тунели се длабоко под пустината и допрва треба да се истражуваат. Неодамнешно откритие од археологот Брајан Фоерстер само го потврдува верувањето за постоењето на древната технологија. Додека ги истражувал лавиринтите под пирамидите, тој открил 20 кутии од гранит. Секоја кутија тежела околу 100 тони. Нивната намена е непозната.

3. Порамнувањето со Северниот пол

(3)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

Постојат многу теории во врска со порамнувањето на пирамидите, особено на Големата. Сите теории се согласуваат со едно: Не е јасно како Египќаните ги поставиле пирамидите толку прецизно. Единствениот начин на кој би можеле да го направат тоа е со користење комплексни алгоритами. Овие алгоритами би биле точни само во сезонските рамноденици. Не се пронајдени докази за процесот на изградбата. Големата пирамида која е изградена пред илјадници години е попрецизно поставена отколку модерната зграда на меридијанот, која се наоѓа во опсерваторијата Гринвич во Лондон.

4. Малтер со непознато потекло

(4)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

Примероци од малтерот кој се користел за пирамидите се многу пати анализирани, и покрај тоа што неговите состојки се познати, нашата модерна технологија не може да го произведе. Само за Големата пирамида се искористени околу 500.000 тони малтер, и благодарение на него пирамидите стојат исправено и до ден денес.

5. Мистериозни ходници

(5)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

Овие ходници се наоѓаат само во Големата пирамида. Интересното е што аголот под кој се изградени ходниците одговара со небесните тела. И овде повторно се појавува прашањето: Каква технологија била користена за да се постигне толку прецизно порамнување? Исто како и порамнувањето со половите, и за ова не е пронајден никаков запис или доказ. Некои луѓе сметаат дека ходниците биле за вентилација, но многу од нив воопшто не ја пробиваат површината на пирамидите.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар