10 факти за пирамидите кои можеби го докажуваат постоењето на древна напредна технологија - Part 2

10 факти за пирамидите кои можеби го докажуваат постоењето на древна напредна технологија

6. Врата од 20 тона

(6)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

Некои пирамиди имале огромни врати кои било речиси невозможно да ги забележите – тие совршено се вклопувале во отворот на пирамидите. Токму ваква врата е пронајдена на Големата пирамида кога прв пат била откриена. Вратата можела да биде отворена од само еден човек, притоа користејќи многу малку сила. Значи, станува збор за врата од 20 тони која може да биде отворена од еден човек. Како Египќаните успеале да ги постават и да ги урамнотежат овие врати?

7. Обвивка од камења

(7)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

Некогаш Големата пирамида била прекриена со обвивка од бел, полиран варовник. Ова правело да свети како скапоцен камен сред пустината. Голем дел од варовникот бил набавуван од реката Нил. Силен земјотрес во 1303 година од нашата ера олабавил многу од камењата од варовник, па подоцна тие биле искористени за изградба на џамии и тврдини.

8. Прецизност од 8 страни

(8)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

На прв поглед, Големата пирамида во Гиза изгледа како да има 4 страни. Но ако ја погледнете од горе ќе забележите дека секоја страна има вдлабнатина, правејќи ја структура со 8 страни. Некои луѓе сметаат дека вдлабнатините се резултат на ерозија, а други сметаат дека се направени со цел да го издржат варовникот. Како и да е, прецизноста со која се направени е неверојатна.

9. Ковчегот на Куфу

(9)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

Веќе спомнавме дека Големата пирамида е изградена од Куфу. Кога бил пронајден неговиот саркофаг, почнале да се поставуваат многу прашања. Саркофагот тежи 3,75 тони и е невозможно да биде внесен низ вратата на просторијата. Веројатно бил ставен внатре додека траела изградбата. Ковчегот е направен од гранит и има дупки кои се направени со некој вид дупчалка. Како Египќаните ги направиле дупките користејќи само дрвена секира?

10. Чудни топлински точки

(10)10-fakti-za-piramidite-koi-mozhebi-go-dokazhuvaat-postoenjeto-na-drevna-napredna-tehnologija-kafepauza.mk

Термално скенирање од 2015 година покажало дека Големата пирамида има 3 реони на дното кои произведуваат некаква топлина. Некои сметаат дека под овие делови се наоѓаат нови простории. Други сметаат дека тоа е остаток од некоја древна, денес заборавена, технологија. Има уште многу за истражување бидејќи почнаа да се откриваат и нови топлински точки.

Можеби Големата пирамида во Гиза е вселенски брод кој чека да полета. Сè е возможно, нели?

Погледнете ги и овие нерешни мистерии за најпознатите статуи ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар