Нумерологијата открива дека луѓето родени со овие лични броеви имаат посебна моќ

Нумерологијата открива дека луѓето родени со овие лични броеви имаат посебна моќ

Постојат одредени броеви на датум на раѓање кои имаат посебна улога. Се работи за следниве специфични броеви: 11, 22, 10, 20 и 30. Порано голема конфузија владеела за броевите 11 и 22. Но, тоа не значи дека другите броеви се помалку важни. Секој датум на раѓање сам по себе е специфичен, затоа што врши своја уникатна улога, на свој сопствен начин.

Според нумерологијата, луѓето родени на некој од овие датуми имаат посебна моќ

Ако не го знаете вашиот личен број, погледнете на кој начин да го пресметате и што открива тој за вашиот карактер. А ако добиете еден од специфичните броеви во продолжение, тогаш прочитајте што значи тоа за вас како личност.

Важноста на броевите 11 и 12 (а притоа и 33 и 44), може да се објасни со удвоената цифра. Луѓето кои ги имаат овие броеви се во рамнотежа, создадени од нивните позитивни и негативни страни. Бидејќи во нумерологијата се користат едноцифрени броеви, 11=2, 22=4, токму на овие се гледа и како да спаѓаат во истата категорија, но и како да не спаѓаат таму. Тие се исклучок, па оние кои во датумот на раѓање имаат 11 или 22 (11/2 или 22/4), за нив се земаат предвид сите различни енергии кои ги симболизираат овие броеви. Тие имаат зголемен потенцијал кој обезбедува можност за поширок и сеопфатен поглед кон светот. Кај некои личности потенцијалот е успиен и неискористен, но токму затоа е присутна нумерологијата, за да го открие и да го активира.

11/2 – Учител, визионер, миротворец

Единаесетката се стреми кон балансирање на женската и машката енергија и така постигнува рамнотежа. За тоа е потребно сила, но и нежност и интегритет. Моќта на овој број доаѓа од големата интуиција, но честопати личностите се несигурни за да поверуваат во тоа. Бројот 11 вели да сфатите кои сте и да живеете чесно, а бројот 2 вели да ја препуштите својата волја на повисоката свест и да учествувате во животот. Потребна е храброст за да се смисли животот и да се проживее сопствениот сон. Затоа овие луѓе ги збунуваат и другите, но и себе. Соништата и визиите доаѓаат од Бог.

22/4 – Големи градители, архитекти на мирот

Нивниот живот е посолиден за разлика од оној на личностите родени со бројот 11/2. Работите се повеќе материјални, а достигнувања се физички видливи. Овој број може да го оствари она за што сонува бројот 11. Бројот 22 знае дека е на Земјата за да направи нешто значајно, а поради двете двојки, вештината на комуникацијата мора да биде добро прилагодена. Овој број има многу важни работи да му каже на светот, работи кои ќе бидат слушнати и разбрани.

Според нумерологијата, луѓето родени на некој од овие датуми имаат посебна моќ

Присутна нула во бројот

Специфичноста на родените со броеви 10, 20 или 30, се согледува во нулата која е присутна во нивниот ден на раѓање. Нулата го симболизира целиот свет. Кога ќе се додаде некој број, тој не ја менува својата вредност, но таа нула го прави позрел, означувајќи дека тој број направил цел еден круг и се враќа да работи на себе, сега од една повисока перспектива. Нулата означува време на забрзан раст и нуди занимавање или со каков било предизвик или со никаков.

Можно е тие да изберат да не работат ништо и да се одмораат цели 9 години од нумеролошкиот циклус, работејќи само на своите други броеви, но овие личности никако не треба себеси да си го дозволат тој луксуз. Како резултат на тоа, предизвикот на нулата станува храброст во која може да се научи како истовремено да се искусат сите предизвици. Ако личноста не знае ништо друго за животот, нулата може да биде исклучително тешка. Но, со самата борба и преживувањето, човекот заслужува посебно признание.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар