Вистинската причина зошто мажите успеваат да ги изиграат жените со кои започнале врска

Вистинската причина зошто мажите успеваат да ги изиграат жените со кои започнале врска

Девојките кои биле изиграни од страна на некој маж не се глупави и неискусни. Интелигентните жени исто така постојано остануваат повредени, но не затоа што дечкото бил премногу паметен и вешт, туку затоа што неговата измислена приказна делувала вистинито.

Вистинската причина зошто мажите успеваат да ги изиграат жените со кои започнале врска

Станува збор за женкари кои не се воопшто наивни. Тие набљудуваат и чекаат, дознаваат што бара жената во љубовта и ѝ го даваат тоа. Тие не исполнуваат некоја нејзина површна потреба, туку суштинска како што е онаа за внимание, безбедност, љубов, слобода, романтика, квалитетен сексуален живот и слично.

Откако нејзините потреби ќе бидат исполнети, девојката почнува да ги игнорира сите знаци на предупредување што го издаваат неговото вистинско лице. Дечкото воопшто не ги исполнува основните желби и потреби на девојката, но тоа не е важно затоа што нејзината суштинска потреба е остварена – потребата од внимание и романтика.

Ова е многу опасно за женската самодоверба, бидејќи таа ќе почне да се прашува зошто тој ѝ го дава она основното, но не и останатото што е потребно за да функционира една љубовна врска. По некое време, таа ќе почне да мисли дека не го заслужува неговото внимание во целост. Тоа ќе ја натера да се труди сѐ повеќе и повеќе и ќе го извлекува најлошото од неа, сѐ додека тој не си замине.

Потоа таа ќе почне да се прашува каде згрешила и со што го заслужила неговото лошо однесување. Нејзината самодоверба е скршена и ѝ треба нешто што ќе направи да се чувствува добро во врска со себе. А тоа обично е уште еден погрешен дечко кој ќе ја исполни нејзината суштинска потреба за на крај повторно да помине низ истиот циклус.

Доколку постојано ви се случува ова, треба да сфатите дека во секоја врска мора да постои баланс. Некои од вашите потреби ќе бидат исполнети, но некои од нив вашиот партнер нема да може да ги оствари поради тоа што нема да знае како или пак едноставно нема да сака да го направи тоа.

Љубовната врска не треба да се заснова на вашите исполнети и неисполнети потреби, бидејќи честопати не постои доволна урамнотеженост помеѓу вашите желби и оние на партнерот.

Доколку забележите дека треба премногу да се трудите за да ја одржите врската, а не добивате никаква повратна реакција, најдобро е да прекинете со време и да ја побарате љубовта на друго место. Најдете некој кој ќе знае да ве цени и да ги почитува вашите вредности.

Ако во последно време дечкото со кого се гледате ви праќа измешани сигнали, прочитајте зошто неговата неодлучност е одлуката која треба да ја чуете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар