10 духовни симболи и нивното значење

10 духовни симболи и нивното значење

Сигурно ќе препознаете некој, ако не и секој од овие симболи. Но дали го знаете нивното вистинско духовно значење?

Silhouette young woman practicing yoga on the beach at sunset.

Симболите се неверојатни бидејќи можат да остават силна психолошка импресија само со нивното појавување. Погледнете кое е значењето на 10-те најпознати духовни симболи…

1. Хамза

(1)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mk

Хамза е арапскиот збор за пет и ги претставува петте цифри на дланката. Хамза е универзален знак за заштита и често се комбинира со Злобното око за да го спречи секој што сака да ви наштети. Според историјата на овој симбол, ако некој ве погледне со лоша намера додека на себе го имате симболот, тој нема да може да ви наштети.

2. Дрвото на животот

(2)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mk

Дрвото на животот е присутно во бројни култури и религии ширум светот. Дрвото е поврзано со раѓањето, животот, смртта и новото раѓање во кругот на животот. Во Христијанството, ова е дрвото кое се наоѓа во Рајската градина од кое Адам и Ева го набрале забранетото овошје. Со неколку зборови, дрвото се гледа како поврзаност помеѓу четирите елементи (земја, вода, воздух и оган) и ја претставува бескрајната поврзаност на сите нешта кои постојат.

3. Анк

(3)10-duhovni-simboli-i-nivnoto-znachenje-kafepauza.mk

Анкот е добро познат симбол на животот кој често се поврзува со Египќаните. Се смета дека нашите предци го користеле за време на секс со цел да ја регенерираат сексуалната енергија во текот на оргазмот. Накратко, симболот се поврзува со вечниот живот и обновувањето. Денес многу луѓе го носат како симбол за животот или духовната мудрост.

4. Окото на Хорус

Окото е моќен симбол за заштита со потекло од древен Египет, и е познато и како „окото што гледа сè“. Целта на овој симбол била да го заштити фараонот во овој живот и во животот по смртта и да го отстрани злото. Древните Египќани и морепловците од средниот исток многу често го цртале овој симбол на нивните бродови за да имаат безбедно патување.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар