Едноставни трикови за совршено селфи во огледало

Кога нема кој да ве фотографира, не ви преостанува ништо друго освен да се сликате во огледалото. А овој тренд стана навистина познат на Инстаграм. Сепак, не е доволно само да застанете пред огледалото и да се фотографирате.

Трикови за совршена селфи фотографија во огледало

За совршената селфи фотографија важно е да знаете неколку трикови од професионалците на Инстаграм…

Внимавајте на аголот на фотографијата

(1)trikovi-za-sovrshena-selfi-fotografija-vo-ogledalo-kafepauza.mk

Секој селфи мајстор сигурно добро знае од кој агол изгледа најдобро. Пробајте како изгледате од секоја страна и откријте кој агол на фотографирање ви стои најдобро.

Не мора да се гледа целиот аутфит

(6)ednostavni-trikovi-za-sovrshena-selfi-fotografija-vo-ogledalo-kafepauza.mk

Нема потреба да се гледате на фотографијата од глава до пети. Доволно е да се гледа само вашата глава или некој детаљ што сакате да го истакнете. Иако тоа можете да го направите и без огледало, на овој начин ќе изгледа поинтересно.

Пронајдете го совршеното огледало

(5)ednostavni-trikovi-za-sovrshena-selfi-fotografija-vo-ogledalo-kafepauza.mk

Сигурно имате налетано на огледала кои ве прошируваат, искривуваат или ве прикажуваат во лошо светло на кој било друг начин. Избегнувајте ги овие огледала и држете се до оние кои ја покажуваат вашата реална, па дури и подобра рефлексија.

Исчистете го огледалото

Трикови за совршена селфи фотографија во огледало

Ако сакате да се претставите во најдобро светло, пред фотографирање не заборавајте да го исчистите огледалото. Никој нема да забележи каква облека носите ако во центарот на фотографијата има голема дамка од огледалото.

Бидете креативни

Трикови за совршена селфи фотографија во огледало

Селфи фотографиите во гледало не мора да ги правите само во вашата соба. Обрнете внимание и на другите огледала кои ги сретнувате во текот на денот, на пример во лифтот или во некои трговски центар.

Погледнете ги и најчестите грешки при правењето селфи фотографии.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар