Преземајте албуми со слики од Фејсбук

Во време кога повеќето луѓе ги чуваат своите дигитални фотографии онлајн, навистина е непрактично ограничувањето кое го поставува Фејсбук во однос на неможноста за нивно подоцнежно преземање. Некои луѓе пак, сакаат да си чуваат дигитални копии од своите симпатии, од забавите на кои тие присуствувале или од оние на кои биле некои нивни познаници и пријатели. Не навлегувајќи во човековата природа која тежнее кон сѐ поголема љубопитност во последно време, ви го претставуваме Pick&Zip – сервис со кој сите достапни фотографии во кругот на вашите пријатели на Фејсбук ви стануваат достапни за преземање.Преземајте албуми со слики од ФејсбукСѐ што треба да направите е всушност да го посетите сервисот www.picknzip.com. Оттука најавете се со вашиот кориснички профил на Фејсбук и дозволете и на апликацијата да се поврзе со него. Веднаш ќе добиете листа од сите ваши пријатели, при што најпрво ќе можете да изберете профил, па потоа да го конкретизирате изборот на албуми или слики на кои тој профил е обележан со таг. Можете да пристапите и до слики на групи поставени од вашите пријатели, и секако, до сите ваши фотографии.Преземајте албуми со слики од ФејсбукПронајдете го она што го барате, селектирајте ги фотографиите што сакате да ги преземете на вашиот компјутер и кликнете на Review & Download, а потоа и на Download. Имате можност да ги преземете сликите како еден PDF документ, но препорачливо е да ја изберете втората опција и да ги зачувате фајловите во една zip архива.

Користењето на сервисот е многу едноставно и секако бесплатно.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. КИБИ Reply

    Ужаааас.Значи некој може да си ги земе моите слики…хахахха

  2. Mia Reply

    Ова е супер за превезамње на сите слики каде си тагиран :))))

Остави коментар