Најдобрите апликации за Google Chrome

Автор: Дејан Зафировски

Продавницата на Google Chrome (Chrome Web Store), беше за првпат претставена на Google I/O конференцијата пред околу една година или на 19 мај, 2010 година, а официјално беше стартувана на 6 декември. Со помош на оваа продавница корисниците на Google Chrome можат да преземаат апликации и екстензии за поголема продуктивност, за подобрување на нивното и онака позитивно искуство со Chrome, но и да заиграат некоја игра во слободно време. Актуелната дванаесетта верзија на Google Chrome со својата природна поддршка за HTML5 стандардот и хардверското забрзување, создава услови за креирање многу подобри и помоќни апликации. Ние избравме неколку од нив, кои нам ни оставија најголем впечаток. Читајте!Најдобрите апликации за Google Chrome

1. Chromey Calculator

Иако сите ја знаеме основната апликација „Калкулатор“ од Windows, понекогаш знае да создаде проблеми барајќи ја низ менито, а со самото тоа влијае и на времето потрошено за сработување некој проект. Но, доволно е ја инсталирате екстензијата Chromey Calculator, да ја кликнете иконата до линијата за адреси и тоа е тоа. Никогаш не било полесно.

Оваа апликација ви овозможува да извршите разни научни, математички, па дури и конвертабилни пресметки. Ги поддржува сите типови операции, броеви, а исто така, тука се и математичките и физички константи од типот pi, e, c, h и ред други. Доколку згрешите, на помош ви доаѓа опцијата на Google – Did You Know, a во извршувањето на сите пресметки, покрај Google, задолжена е апликацијата Wolfram|Alpha. Вистинска комбинација на моќни и брзи пресметки за миг. Да не заборавиме дека можете да направите брза конверзија на мерните единици. Квалитетна екстензија која секој математичар треба да ја користи. Времето е пари, зарем не?Најдобрите апликации за Google Chrome

2. 3DТin

3DTin е „аматерска“ алатка за сите кои се занимаваат со 3Д моделирање. Иако оваа апликација всушност води до официјалната страница за апликацијата (можете да ја зачувате и како bookmark), сепак ги искористува предностите на HTML5 стандардот и наменета е да се користи исто како и стандардните десктоп-апликации. Што значи ова? Можете да ја користите дури и кога сте офлајн, благодарение на HTML-кешингот.

Со 3DTin ќе можете да создавате квалитетни 3Д модели, a потоа да ги зачувате во облак или некаде локално во PNG, SVG, OBJ или STL формат. Искористете ја моќта на WebGL и Google Chrome и моделирајте исто како што го правите тоа во Maya или Softimage. Проверете како. Да се разбереме, софтверите на Autodesk се неспоредливи со оваа апликација, но имајте на ум дека вашите првични идеи можете да ги преточите преку 3DTin, па од тука да продолжите во некој од познатите софтвери.Најдобрите апликации за Google Chrome

3. Aviary Image Editor

Повеќето знаат (барем) како изгледа интерфејсот на Photoshop. Исто така знаат дека од десната страна се наоѓа менито за Layer-и, а од левата класичните алатки, од типот Crop Image, Freeform Selection, Selection Tool и слично. А, да, горе се наоѓаат и многуте ефекти и филтри за креирање уникатна композиција. Е, па и во Aviary Image Editor менито е исто како во Photoshop, па доколку ја немате таа апликација некаде при рака или можеби е прескапа за вашиот џеб, ова е вашата алтернатива за секојдневна употреба. Полесно, здравје.Најдобрите апликации за Google Chrome

4. Marvel Comics

Познатата апликација за Android и iOS, сега е достапна и за Google Chrome. „Must Have“ апликација за љубителите на стриповите од продукцијата на Marvel. Искуството е исто како она кај паметните телефони. Кој имал – знае. Да не „тупиме“ многу, инсталирајте ја Marvel Comics, купете си некој стрип или прочитајте ги сите бесплатни и влезете во светот на иднината. Многумина ќе се согласат дека полека, но сигурно, изумира потребата за читање стрип во печатена форма, кога на интернет сè ви е на дланка. Ако повеќе милувате да читате во „hard copy“ верзија, тука е опцијата за праќање печатени верзии на вашата домашна адреса.Најдобрите апликации за Google Chrome

5. Angry Birds

Нема да одолговлекуваме многу со пишување. По iPhone, Android, Maemo, webOS, Symbian^3, PlayStation 3/PSP, Windows и Mac OS X, Angry Birds сега и во Google Chrome.Само не дозволувајте лутите птици да станат вашиот лут шеф кога ќе ве види како играте во вашиот прелистувач. На крајот на краиштата, немојте да му се лутите ако почне да ве мава со кутии, стакла, камења, бомби… Сепак, тој е вашиот шеф :).Најдобрите апликации за Google ChromeДруги апликации кои ви ги препорачуваме: Super Mario Bros., Super Mario Bros. Crossover, Planetarium, Dropbox, Cycling the Alps, Magic Actions for YouTube, Official Facebook Extension, RoboForm Lite, Virtual Keyboard, Smooth Gestures, dA Message Notifier, Picnik, Pixlr Grabber – Screen capture/image grabbing, AutoCAD WS и Jolicloud.

На располагање ја имате целата продавница, а на вас останува да се послужите сами. Дури и ако излезете со цела торба производи, нема да ве пречекаат дома со прашањето: „Колку те чинеше ова?“, или „Но, зошто? Ова веќе го имавме во фрижидер!“

——————————————————————————————————————————————————————–
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Mia Reply

    Најинтересните, поправо. Јас мислев ќе бидат некои корисни :)))) Ај може во некој нареден пост! :)
    пс. Редовна читателка :)

Остави коментар