Фустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?

Размислувањето за тоа која боја фустан да ја одберете, веќе може да биде минато со помош на овој фустан со висока технологија. Дизајниран од Шоупо, се чини дека моделот може да ја промени бојата со притискање на само едно копче. Промената од една во друга боја одзема само неколку секунди!

„Јас имам да покажам нешто навистина возбудливо на коешто работев подолго време“, вели госпоѓицата Лу.

Фустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?

Оваа 28-годишна девојка продолжува да снима одејќи во модното студио каде што, на изненадување на сите, таа фустанот од една, го променува во друга боја. Имено, Шоупо го создава овој фустан со висока технологија како промена во областа на модата. Дали ова е премногу добро за да биде вистина? Видеото се покажало толку прекрасно, при што многумина се прашувале дали е легитимно.

„Жал ми е, но ова изгледа премногу лажно“, пишува гледач во коментар на Јутјуб.

(2) fustan-koj-ja-menuva-bojata-so-dopiranje-samo-edno-kopche-modna-igra-ili-vistina-www.kafepauza.mk

Друг пак додава:

„Невозможно. Едноставно невозможно.“

Но, Шоупо неодамна изјавила дека овој фустан е создаден во комбинација на технологијата и иновацијата.

„Џејн (Лу) секогаш сакала да биде иновативна и напредна кога станува збор за технологијата. Таа не се натпреварува на пазарот, туку доминира.“

(3) fustan-koj-ja-menuva-bojata-so-dopiranje-samo-edno-kopche-modna-igra-ili-vistina-www.kafepauza.mk

Госпоѓицата Лу го започнала нејзиниот професионален живот во областа на корпоративните финансии. По одредено време размислувајќи за нејзината иднина, таа одлучила да ја пренасочи својата енергија во модата. Сега, нејзината онлајн продавница ShowPo.com наводно има обрт околу 10 милиони долари годишно. Таа дистрибуира облека за 45 земји, има 420.000 следбеници на Инстаграм и 464.000 пријатели на Фејсбук.

Погледнете го видеото за да видите како изгледа промената на бојата на овој фустан.

Што мислите вие за ова?

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар