Научниците создале екстензија за смартфон која со 99-процентна сигурност може да открие рак

Научниците создале екстензија за смартфон која со 99-процентна сигурност може да открие рак

Научниците од државниот универзитет во Вашингтон создале екстензија за смартфон која може да открие рак. Во нивната работа тие имале можност да откријат присутност на рак и тоа со точност од 99%. Секако, овие резултати можат малку да варираат во реалноста, бидејќи досега се испитувани само во лабораториски контролирани услови.

Научниците откриле опрема која со 99% сигурност може да открие рак

Опремата се состои од плочка за анализирање за ЕЛИСА тест со 96 отвори, мала призма и 3Д потпора за паметниот телефон со камера. За да се даде дијагноза, се зема примерок од пациентот, се става во чинијата за анализа и се свртува на осветлено место. Светлото ќе блесне врз примероците во чинијата, преку призмата, па во камерата на паметниот телефон, каде ќе се користи апликација за анализирање на светлото од секој примерок во чинијата ЕЛИСА по нејзината боја. Резултатите зависат до бојата во која ќе се претвори светлото.

Научниците создале екстензија за смартфон која со 99-процентна сигурност може да открие рак

Целата работа се темели на идејата дека IL-6 е „тесно поврзан“ со различни видови рак на белите дробови, црниот дроб, градите и кожата. Имено, IL-6 е протеин кој човечкото тело го произведува како одговор на алармирањето на имунолошкиот систем: тој предизвикува клетките да создаваат повеќе антитела кои (кога работат правилно) се борат против напаѓачите и ги означуваат дека треба да ги уништат и да ги отстранат. Секој треба да има малку IL-6 кои ќе циркулираат во крвта. Кај пациентите во напредна фаза на рак или оние кои имаат метастази, сепак тие имаат тенденција да бидат повеќе присутни. Исто така IL-6 е поврзан и со депресијата и нарушувањето на расположението, така што не може едноставно да се погледне во крвната слика на пациентот и доколку се забележи поголема присутност на IL-6 да се каже дека со сигурност има рак. Но, ова може да биде поттик за тој да продолжи со понатамошни и подетални испитувања на крвта.

Овој вид анализа не е ограничен само на дијагностицирање рак. Поради тоа што тој има способност да покаже со сигурност дали нешто е присутно или отсутно во еден примерок, тестот ЕЛИСА може да биде користен и за нешто повеќе, како на пример, откривање одредени алергии и ХИВ. За да се тестира протеин, потребно е антитела или нешто друго што е сложено со тој протеин. Треба да се стави антителата во отворите ЕЛИСА, да се додаде примерокот од пациентот и да се читаат брановите должини на светлината. Тоа ќе трае кратко и со користење на вистинската опрема и додатоци, може да се извлече некоја дијагноза.

Па, сѐ зависи од тоа како човекот ќе ја користи науката и опремата за откривање работи во негова корист, а овој начин се покажал како доволен за да се добијат соодветни резултати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар