Екран на допир кој ви го возвраќа допирот

Технолошката компанија „Senseg“ развива систем со кој екраните на допир ќе можат буквално да ви возвратат со допир. На пример, ако позадината на вашиот смартфон или ајпад е песочен пејзаж, кога со прстот ќе поминете преку екранот, ќе добиете чувство дека допирате вистински песок. Истото ќе се случи со која било друга вдлабнатина или испакнатина што ја гледате пред вас, на вашите уреди.Екран на допир кој ви го возвраќа допиротПроектот на компанијата е наречен „Почувствувај го екранот“ и е базиран на ултраниска електрична струја. Таа создава привлечна сила меѓу екранот и вашиот прст, ја повлекува неговата кожа и ви овозможува реално чувство на она што го гледате на фотографијата.

Во системот има инкорпорирано електростатично поле, кое произведува различни степени на триење, а главната тајна на компанијата е во трајниот и неверојатно тенок слој на екранот, кој ги пренесува електро-вибрациите и може да го собере во речиси секој уред. Тој може лесно да се прилагоди на секоја површина, без разлика дали е таа мазна, рапава, крива, мека или тврда.Екран на допир кој ви го возвраќа допиротЗа разлика од уредите за контролирање видеоигри, овој екран нема подвижни делови во него, така што тој е сосема тивок, без вибрации и со брзо реагирање на вашиот допир. Во моментот системот е во рана развојна фаза, но се очекува  да стане достапен на пазарот веќе наредната година. Во меѓувреме, преку следното видео погледнете како функционира прототипот, кој неодамна го промовираше компанијата:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар